Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево кој е локализиран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево кој е локализиран
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево кој е локализиран

Објавено September 14, 2025 00:15
Сподели
Сподели

Пожарот во Трубарево е локализиран, нема опасност за негово проширување, но се уште е активен. За да се елиминира опасноста од загаденоста на воздухот на жителите што се најблиску до жариштето им се препорачува да ги напуштат домовите и им се ставени на располагање сместувачките капацитети  во Центарот за обука во Идризово, рече на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Управувачкиот комитет за справување со кризи. 

Приоритет, истакна Тошковски, е заштита на животот и здравјето на граѓаните.

Тој соопшти дека Дирекцијата за радијациска сигурност утврдила дека нема радијациско зрачење,  додека АБХО единицата на Министерството за одбрана констатирала дека во непосредна близина има висока концентрација на штетни супстанци на 150 метри од жариштето. Над 200 метри загаденоста е ниска, а над 400 метри не е констатирана загаденост, рече Тошковски.

Во полициска станица се вршат разговори со три лица, сопственици или управители на предметниот објект.  Оперативните активности за расчистување на настанот продолжуваат во координација со јавен обвинител, соопшти Тошковски.

Истакна дека ваков тип на пожар првпат настанува на територија на државата на ваков тип на фабрика за рециклирање отпад.

– Првпат имаме  ваков тип пожар во Македонија, побаравме и добиваме стручна помош од домашни и странски експерти. Нивниот совет беше дека кај ваков тип на пожари треба да се дејствува така што ќе се затрупа со песок. Ова што се случува се должи и на негрижа од претходни влади и тоа доведе до овие проблеми, и во Вардариште и Дрисла, рече Тошковски.

Дополни и дека располагаат со соодветна опрема, доставени се гас маски и маски Н95 за жителите кои се во најголем ризик т.е. на радиус од 150 метри.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија оди напред: Отвора уште еден кластер во преговорите за влез во ЕУ
Следна Статија Чибишев алармира: Екстремно токсични гасови од пожарот со електронски отпад можат да го загрозат здравјето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Никогаш нема да се изјаснам за нешто што ќе го дерогира мојот мајчин јазик

Никогаш нема да се изјаснам за нешто што ќе го дерогира мојот мајчин јазик и најмалку ќе дозволам Македонија да…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

И со новиот закон, бесплатни учебници на пет јазици

Новиот Закон за учебници во основно и средно образование ја уредува подготовката, изборот, одобрувањето, издавањето и повлекувањето од употреба на…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Евидентирани над 240 лажни дојави за поставени бомби во училиштата

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека полицијата денеска евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски на Светскиот полициски самит во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати учествуваше на Светскиот полициски форум –…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?