Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар

Објавено July 21, 2026 20:20
Сподели
Сподели

Општина Гостивар ќе биде должна да соработува во целокупниот процес за нормализирање на состојбата, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на новинарско прашање околу соработката со локалните власти и дали ќе има проширување на истрагата за одговорноста на други лица за загадувањето на водата во Гостивар.

Факт е дека заклучно со денес, целиот овој хаос е одговорност на Општина Гостивар и на органите во рамки на општината. Поради нивна неможност, државата денес донесе одлука да се вклучи и да го расчисти овој хаос максимално брзо. Органите во состав на Општина Гостивар се должни максимално да се вклучат во процесот. На состанокот којшто е закажан во 17:00 часот во рамки на ОВР Гостивар ќе бидат повикани сите надлежни кои можат да помогнат, изјави Тошковски.

Тој потврди дека со гостиварскиот градоначалник е извршен разговор во насока на утврдување на фактичката состојба.

Ќе постапуваме во соработка со Јавното обвинителство за секој следен чекор, како од аспект на одговорност согласно Кривичниот законик, така и од аспект на ставање во нормална функција на водоснабдувачкиот систем, потенцира министерот Тоошковски.

Запрашан за коментар околу можноста истрагата да ја преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и одговорноста на надзорот на новиот водовод во Гостивар и кој го предал во употреба тој кажа дека за секој предмет каде што ќе се утврдат законски надлежности на ОЈОГОК тоа е должно да го преземе во рамки на своето постапување. Доколку утврдат дека постојат такви елементи, тоа е нивна надлежност. – А во однос на останатото прашање за надзорот, во овој момент не би можел да споделам такви информации. Сепак, да ги оставиме експертите да си ја одработат својата работа на терен – рече Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Меси не се појави на дочекот од навивачите во Буенос Аирес
Следна Статија Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова беше говор во кој јасно и гласно се слушна гласот на Македонија

Обраќањето на CPAC во Вашингтон беше можност да ги истакнеме македонските вредности и традиции, тие темели што ја дефинираат нашата национална посебност и…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот Ристовски најави дека почнува исплатата на државните субвенции во спортот

Националните спортски федерации, клубовите и спортистите во наредните денови ќе ги добијат средствата од државните субвенции коишто ги доделува Министерството…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

По видеото на Икс, разрешен директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски

На социјалната мрежа Икс денеска се појави видео на кое се гледа директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, како…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови

Во текот на денешниот ден, како и за време на претсотјнаа ноќ се очекуваат врнежи од дожд на целата територија…

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?