Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам

Објавено April 12, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Со официјалното пуштање во употреба на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување (One stop shop) на граничниот премин Блаце – Елез Хан со Косово поминуваме во нова фаза на односи меѓу нашите две држави, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Со овој проект, порача, отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство помеѓу нашите две држави.

Тој нагласи дека благодарение на посветеноста на двете влади, на министерствата за внатрешни работи и на граничните служби за помалку од една година со изградба на нова физичка и дигитална инфраструктура добиен е вистински функционален систем што овозможува само едно застанување и една пасошка контрола.

-Ова е резултат на Договорот помеѓу двете влади и Протоколот што го уредува начинот на гранични и царински контроли, инфраструктурата, размената на податоци и поделба на трошоци. Целта е јасна – побрзо, поедноставно и побезбедно преминување на границата, рече Тошковски по свеченото пуштање во работа на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување.

Тоа, како што рече, за патниците значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконските активности.

Неговиот косовски колега Џељаљ Свечла посочи дека денешното пуштање во употреба на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување претставува значаен чекор на соработка помеѓу двете држави со конкретен резултат кој придонесува за олеснување на меѓународниот проток и приближување на граѓаните од двете земји.

-Денеска крунисуваме проект на нашите институции за внатрешни работи со кој се олеснува контролата на овој граничен премин и на граничниот премин Глобочица. Тоа несомнено е рефлексија на нашите заеднички аспирации за отворени, но и безбедни граници. Форматот на граничен премин со само едно застанување веќе е успешно реализиран и со Република Албанија, а убеден сум дека ќе биде успешен и со Република Северна Македонија, рече Свечла, на свеченоста на која присуствуваа и премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти. 

Како сојузнички земји, додаде, ќе продолжиме со соработка за обезбедување на безбедност со цел нашите земи на ниту еден начин да не бидат безбедна зона за одвивање на било каква илегална активност.  

Граничниот премин Блаце е еден од најфреквентните во државава и годишно го користат преку 4,3 милиони патници. Тој е значаен за македонските и косовските граѓани, но и за меѓународниот транзит на луѓе и стоки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро
Следна Статија Полицијата го бара за Кочани: Македонскиот амбасадор во Осло, Кучи, се враќа дома со првиот авион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Тетово – Гостивар

Утре 03.05.2025 година (сабота) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Гласав и како и сите вие очекувам да видам кој ќе победи на Претседателските избори во САД

Гласав на денешните Претседателски избори во САД и како и сите Вие очекувам да видам кој ќе победи што значи…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Паричката во домот на семејството Мицкоски се падна кај синот Антониј

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека паричката за овој Бадник се паднала кај синот Антониј. Со искрена…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во објекти од затворен тип, утврди ДКСК

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?