Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Рекордни резултати на МВР и најниско ниво на криминал во последните 20 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Рекордни резултати на МВР и најниско ниво на криминал во последните 20 години
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Рекордни резултати на МВР и најниско ниво на криминал во последните 20 години

Објавено January 21, 2026 10:15
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две.

Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за периодот 2023–2025 година, министерот посочи дека во 2023 година биле откриени 126 кривични дела, во 2024 година 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува пораст од околу 130 проценти. Овие бројки, како што истакна, целосно кореспондираат со перцепцијата на граѓаните дека МВР води сериозна и неселективна борба против корупцијата.

Во однос на бројот на сторители, во 2023 година биле евидентирани 185 лица, во 2024 година 363, додека во 2025 година биле откриени 678 сторители поврзани со коруптивни кривични дела. Станува збор за кривични дела сторени во претходни години, но откриени во 2025 година, за кои се поднесени соодветни кривични пријави.

Министерот нагласи дека највпечатливи се бројките поврзани со штетата нанесена на државниот буџет. Во 2023 година поднесените кривичните пријави се однесувале на вкупна штета од 5,7 милиони евра, во 2024 година на 24 милиони евра, додека во 2025 се поднесени кривични пријави дури за 380 милиони евра, што претставува зголемување од околу 66 пати во однос на 2023 година.

Тошковски истакна дека ваквите резултати се производ на институционален пристап и координирана работа не само на МВР, туку и на другите надлежни институции во откривањето на корупцијата и економскиот криминал, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност и Финансиската полиција.

Говорејќи за севкупната безбедносна состојба, министерот посочи дека 2025 година претставува историски најдобра година во последните 20 години по бројот на сторени кривични дела, со вкупно 17.972 регистрирани кривични дела. Дополнително, расветленоста на кривичните дела изнесува 67,2 проценти, што исто така претставува највисок процент во последните две децении.

Министерот Тошковски упати јавна благодарност до полициските службеници за нивната професионалност и посветеност, нагласувајќи дека борбата против корупцијата и сите форми на криминал ќе продолжи со исто темпо, а фокусот на јавноста во наредниот период оправдано ќе биде насочен и кон постапувањето на обвинителството и судството, како клучни алки во системот на владеење на правото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судијата Ѓоко Ристов во куќен притвор, а одземен му е и пасошот
Следна Статија Видео: Нинтендо ги истакнува подобрените Switch игри на Switch 2

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Силата на една држава се мери и по храброста на нејзините луѓе да вложат и да создаваат

Компанијата „Реплек“ во годината кога слави 80 години постоење, прави нов визионерски чекор напред. „Реплек“ денеска ја отвори најновата инвестиција…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Секој еден, без исклучок на која страна или боја припаѓа, мора и ќе се соочи со правдата

Сакам да ја известам целокупната македонска јавност дека правиме се што е во наша надлежност, знаење и капацитет во врска…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителство: Шоферот на Заев со запален факел се обидел да предизвика голема имотна штета, претходно се заканувал

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши…

July 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информира дека работат на законот за студентски стандард и дека студенскиот оброк ќе…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?