Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори

Објавено June 3, 2025 18:58
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на родителите на загинатите во пожарот во Кочани, за непостапување на полицијата и за наводно штитење началници, изјави дека родителите имаат право да бараат одговори, а инстиуциите се должни да најдат одговори.

Родителите имаат право да бараат одговори, родителите се тие коишто заедно со сите нас патат, жалат и ги боли ова што се случува во Македонија, а нив најмногу. И тие имаат право да бараат одговори, а институциите се должни да најдат одговори. И ќе дадат одговори – нагласи Тошковски.

Изрази уверување дека Јавното обвинителство коешто во оваа ситуција ги презема сите оние дејствија кои треба да ги преземе, како во делот на работењето на Основното јавно обвинителство, така во делот на работењето на ЈО за организиран криминал да ги даде одговорите на сите прашања кои се поставуваат од страна на родителите и од страна на целокупната македонска јавност.

Но не можам а да не спомнам, дека само Господ на крајот на завршување на целокупниот овој процес, ќе биде оној којшто ќе суди за секоја една солза која дополнително непотребно е исплакана од македонскиот народ заради тоа што одредени политички лешинари, се обидуваат цело време упорно, свесно, да манипулираат со македонскиот народ, и особено со родителите – рече Тошковски.

На последниот протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што се одржа во саботата, родителите на загинатите во јавното обраќање пред Обвинителството родителите реагираа што бројот на осомничените од 73 се намалил на 46 лица, а повеќето од оние кои треба да одговараат не се повикани на распит, ниту пак се осомничени. Нагласија дека во периодот на болка и тага биле принудени да ги проучуваат законските норми и прописи за да не бидат изманипулирани, а сите сознанија до кои дошле ќе ги објават на заеднички профил на социјалните мрежи. Родителите најавија дека ќе продолжат со своите истраги и ќе ја играат улогата на УЈП и на другите надлежните институции, посебно што било дозволено клубот „Пулс“ да работи со блокирана сметка дури 217 дена, а при контролите е утврдено дека не се издаваат фискални сметки. Од осмиот „Марш за ангелите“ во Кочани родителите порачаа дека остануваат на барањето за неселективност во постапката, а ако не ја добијат правдата пред домашните правосудни органи, вистината ќе ја обелоденат во меѓународни рамки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема да има приватна градба, просторот околу Собранието станува безбедна зона
Следна Статија Во време кога Скопје се дави во ѓубре, што сработи синот на Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги од Комунална хигиена?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Експретседателот на скопскиот Основен суд, Владимир Панчевски, се пријавил на огласот за државен јавен обвинител

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје Владимир Панчевски се пријавил на огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија, што…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам Македонија да биде меѓу првите земји во светот која што ќе добие договор за слободна трговија со САД

Моите очекувања се позитивни, очекувам да бидеме меѓу првите земји во светот што ќе добиеме договор за слободна трговија со…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?