Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

Објавено March 13, 2026 19:07
Сподели
Сподели

Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата.

На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека во изминатите четири и пол децении САЕ „Тигар“ изградила репутација на врвна професионална единица, чија обученост, дисциплина и посветеност претставуваат гордост за Министерството за внатрешни работи и за целата држава.

„Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ претставува еден од клучните столбови во безбедносната структура на Министерството за внатрешни работи. Оваа високоспецијализирана единица мора во секој момент да биде целосно подготвена – технички, професионално и човечки – за да одговори на најсложените задачи и операции“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека САЕ „Тигар“ останува меѓу врвните приоритети на Министерството за внатрешни работи, при што ќе продолжат инвестициите во подобрување на условите за работа, модерна опрема и континуирана обука на припадниците на единицата.

Министерот посочи дека припадниците на „Тигар“ се клучен дел од најсложените оперативни акции на МВР и се на првата линија во борбата против најтешките форми на криминал.

Само во текот на 2025 година припадниците на единицата учествувале во 26 акции, обезбедувале повеќе десетици настани и реализирале 13 заеднички вежби со сродни полициски и армиски единици од земјата и странство, меѓу кои и со Зелените беретки од Армијата на Соединетите Американски Држави.

Покрај тоа, тие редовно учествуваат на обуки и натпревари на кои постигнуваат врвни резултати, а во рамки на спасувачките мисии само во изминатата година спасиле пет повредени лица.

Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека најголемата сила на единицата се нејзините припадници – нивниот професионализам, знаење, интегритет и пожртвуваност.

„Успешните операции, богатото искуство и високите стандарди што ги постави ‘Тигар’ се обврска за сите нас тие стандарди не само да ги зачуваме, туку и постојано да ги унапредуваме“, нагласи Тошковски.

Тој упати честитка до сите припадници на единицата по повод јубилејот, изразувајќи уверување дека САЕ „Тигар“ и во иднина ќе продолжи да биде симбол на професионалност, храброст и врвна подготвеност во служба на државата и граѓаните.

Припадниците на САЕ „Тигар“ презентираа и видео-преглед на активностите на единицата во текот на 2025 година. По тој повод, во рамки на одбележувањето на 45 години од формирањето на единицата, беа доделени плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на Единицата за 2025 година. Исто така, плакети им беа врачени на припадници за 15 и 25 години служба во единицата, како и на соработници и пријатели на единицата.

Во текот на денот делегации на министерот за внатрешни работи, директорот на бирото за јавна безбедност, семејства на загинатите припадници од Оддделот за специјални полициски операции и други делегации положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на САЕ „Тигар“, во чест на хероите кои ги дадоа своите животи извршувајќи ја најсветата дожност – да ја бранат татковината и безбедноста на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Од Македонија која коленичеше, сега станавме фактор на стабилност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски во Будимпешта: Македонија станува лидер во електронските услуги во Западен Балкан

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум во организација на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), кој…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Со нов Правилник ќе го зголемиме квалитетот и кванитетот на велосипедските патеки, за следната година ќе предвидеме и субвенции за купување на нови велосипеди

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со стручните служби од секторот за урбанизам и патен сообраќај,…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем

Владата на вчерашната седница го усвоила текстот на законот за средно образование на верските заедници. Тоа ќе овозможи богословското училиште…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Не бегам, не молчам, не се кријам

Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?