Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трагедија во Битола: Момче пронајдено мртво во стан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Трагедија во Битола: Момче пронајдено мртво во стан
ХРОНИКА

Трагедија во Битола: Момче пронајдено мртво во стан

Објавено March 15, 2026 12:26
Сподели
Сподели

Голема трагедија ја потресе Битола откако 19-годишно момче завчера било пронајдено починато во стан во градот. Локалната јавност и колегите се во шок од прераното заминување на младиот битолчанец.

Според официјалните информации од СВР Битола, телото на младото момче со иницијали А.Д. (19) било пронајдено без никакви видливи траги на насилство.

Смртта на самото место ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршила специјализирана екипа на СВР Битола, која ги прибрала сите потребни докази и изготвила записник за настанот. Во текот на истражните дејствија биле присутни и претставници на Јавното обвинителство.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.

Младиот А.Д. бил вработен во познатата компанија „Кромберг и Шуберт Македонија“, од каде попладнево преку јавно соопштение изразија длабоко жалење за загубата на нивниот млад колега.

„Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на нашиот колега А.Д. (19). Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и најблиските. Ќе го паметиме како добар човек и ценет колега. Нека почива во мир“, стои во соопштението на компанијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Швајцарија не дозволи летови на американските воени авиони над земјата
Следна Статија Српскиот пасош станува се поактрактивен за Македонците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

„Ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага“ – им рекол началникот на родителите на Вања, откако таткото тврдел дека е грабната и убиена

Таткото постојано тврдеше дека Вања е киднапирана, иако во тој момент немавме никакви докази. Од почетокот го алармираше фактот дека…

October 18, 2024
ХРОНИКА

Ја уценувал екс партнерката со експлицитни фотографии, за да не ги објави му платила над 500.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.М.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На…

December 12, 2024
ХРОНИКА

ВМРО-ДПМНЕ се прости од Илиевски: Секогаш беше меѓу народот

ВМРО-ДПМНЕ се простија од градоначалникот на Бревеница, Јовица Илиевски, кој ненадејно почина. -Со длабока тага и неверување ја примивме веста…

June 24, 2026
ХРОНИКА

Ниту една камера во околината не го покривала влезот во зградата на Вања

Полицискиот началник Дејан Димовски рече дека веднаш по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска бил детално прегледан целиот реон кај улицата Наум…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?