Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина
СВЕТ

Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина

Објавено April 9, 2026 18:41
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува сојузниците во НАТО да преземат „конкретни“ обврски за да помогнат во обезбедувањето на Ормуската Теснина по разговорите со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти портпаролката на НАТО.

Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека Руте ги информирал партнерите за разговорите во Вашингтон.

– Јасно е дека САД очекуваат конкретни обврски и дејствија за да се обезбеди слободна пловидба во Ормуската Теснина –  рече таа.

Според „Блумберг“, повикувајќи се на висок претставник на НАТО, Вашингтон очекува европските сојузници да презентираат конкретни планови во рок од неколку дена, а слично објави и германскиот магазин „Шпигел“.

Руте им соопштил на некои земји-членки дека Трамп бара во рок од неколку дена конкретни обврски за обезбедување на теснецот, изјавија денеска за Ројтерс двајца европски дипломати, пренесува БТА.

.„Го земаме предвид разочарувањето на Вашингтон, но тие не се консултираа со сојузниците ниту пред, ниту по почетокот на војната“, изјави еден од дипломатите.„НАТО нема да учествува во војната против Иран, но сојузниците се подготвени да помогнат во барањето долгорочни решенија за Ормуската Теснина“, додаде дипломатскиот извор.

Руте изјави дека американскиот лидер е јасно разочаран од многу сојузници во Алијансата.

Трамп повеќепати критикуваше дека НАТО е алијанса само на хартија и дека Европа се потпира на американските безбедносни гаранции, без да даде соодветна поддршка за американско-израелската операција против Иран.

Иран ја блокираше Ормуската Теснина на почетокот на март како одговор на нападите од САД и Израел, со што практично беа прекинати испораките на нафта и течен природен гас од Заливот и беа предизвикани остри скокови на глобалните цени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од почетокот на војната во Иран загинале над 3.000 луѓе
Следна Статија Боре Видевски да оди во домашен или болнички притвор, бара неговиот адвокат (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Национални избори во Тајланд 2026: Гласачите на изборни места во клучни избори

Тајландските гласачи ќе изберат нов парламент и ќе гласаат за референдум за уставот на земјата.

February 9, 2026
СВЕТ

Трамп: Преговорите меѓу Русија и Украина ќе почнат веднаш

Лидерите на САД и на Русија одржаа долг телефонски разговор, фокусиран на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти…

May 19, 2025
СВЕТ

Германија прави попис на бункери и засолништа

Германските власти денеска, во време на зголемена тензија со Русија, соопштија дека прават попис на бункери и засолништа за населението…

November 25, 2024
СВЕТ

ЕУ договори заем од 90 милијарди евра за Украина по неуспехот на планот за замрзнати руски средства

Парите ќе бидат позајмени од буџетот на блокот откако лидерите не успеаја да се договорат за предлогот кој користи московски…

December 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?