Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп во 1988-ма го најави тоа што го прави сега (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп во 1988-ма го најави тоа што го прави сега (ВИДЕО)
СВЕТ

Трамп во 1988-ма го најави тоа што го прави сега (ВИДЕО)

Објавено April 6, 2025 11:21
Сподели
Сподели

Интервју на Доналд Трамп со Опра Винфри во 1988 година се споделува на социјалните мрежи во кое, како подоцна се покажа, го најавува тоа што го прави сега.

Имено тој зборува за нефер трговските практики, но и за можноста некогаш да се кандидира и да стане претседател.

Трамп тогаш велеше: „Сојузниците мора да го платат својот фер удел. Ние сме нација на должници. Нешто ќе се случи со оваа земја во наредните години затоа што не можеме да продолжиме да губиме двесте милијарди долари секоја година додека и дозволуваме на Јапонија да влезе и да ги фрли сите нивни производи на нашиот пазар.

Тоа не е слободна трговија (…) „Ако одите во Јапонија и се обидете да продадете нешто, заборавете на тоа. Тоа е речиси невозможно. Тие немаат закони против тоа, но едноставно го прават тоа невозможно“.

Трамп се осврна и на Кувајт, обвинувајќи ја таа земја дека ја користи американската поддршка без соодветна компензација: „Кувајт, тие живеат како кралеви. Најсиромашниот човек во Кувајт живее како крал, а сепак тие не плаќаат. Ние им овозможуваме да ја продаваат својата нафта. Зошто не ни плаќаат дваесет и пет проценти од она што го заработуваат? Ова е шега“.

Запрашан од Опра Винфри дали некогаш ќе се кандидира за претседател, Трамп рече дека веројатно нема да се кандидира, но изрази фрустрација од начинот на кој САД се третирани во меѓународната трговија. Тој изјави дека е уморен да гледа како се искористува државата и дека е задоволен од она што моментално го работи.
Сепак, тој додаде дека ако некогаш влезе во трка за претседател, верува дека ќе победи затоа што никогаш не влегува во трка во која би загубил.

Donald Trump on the Oprah Winfrey show in 1988. He was right about everything. pic.twitter.com/Jm3I58ILzU

— End Wokeness (@EndWokeness) August 22, 2024
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албански банди ја користат Британија за перење на крвави пари
Следна Статија Муцунски за грчкиот весник „Та Неа“: Трагедијата во Кочани го покажа европското единство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Се запали Боинг на аеродром во Денвер со 178 луѓе, патниците бегаа преку крилата (ВИДЕО)

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи…

March 14, 2025
СВЕТ

Најмистериозниот аеродром на светот: Луксузен и изграден сред ништо, а авиони и патници нема

Безбедносните проблеми го одложија отворањето на меѓународниот аеродром, кој беше завршен во октомври минатата година. Без никакви патници и авиони,…

February 26, 2025
СВЕТ

Хаос во Јужна Кореја: Специјалци упаднале во канцеларијата на претседателот, екс министерот за одбрана се обидел да се самоубие

Специјалните сили на јужнокорејската полиција извршија рација во канцеларијата на претседателот Јун Сук Јеол, што е најнов развој на политичката криза…

December 11, 2024
СВЕТ

Светот влезе во 2026 година – Новата година пристигна во Нов Зеланд, Тонга и Самоа со спектакуларна прослава

Додека во Македонија ги броиме последните часови од дочекот на 2026 година, од другата страна на планетата огнометите веќе го…

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?