Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
СВЕТ

Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји

Објавено April 9, 2025 20:15
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека „веднаш“ ги зголемува американските царини за увоз од Кина на 125 отсто, „поради недостиг на почит што Кина го покажа кон светските пазари“.

Но, Трамп во истата објава на Трут Соушл (Truth Social) вели дека „овластил 90-дневна пауза“ за другите земји, укажувајќи на тоа, како што вели, дека повеќе од 75 нации се обратиле за да преговараат. До тогаш царините за нив ќе изнесуваат 10 отсто.

Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, јас со ова ги зголемувам царините што Соединетите Американски Држави ги наплатуваат на Кина на 125%, со важност веднаш. Во некој момент, се надевам во блиска иднина, Кина ќе сфати дека деновите на измамување на САД и другите земји повеќе не се одржливи или прифатливи. Од друга страна, и врз основа на фактот дека повеќе од 75 земји контактирале претставници на Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ги министерствата за трговија, финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, за да преговараат за решение на темите што се дискутираат во врска со трговијата, трговските бариери, царините, манипулацијата со валути и немонетарните тарифи, и дека овие земји, на мој силен предлог, не возвратиле на ниту еден начин, форма или облик против Соединетите Држави, јас овластив 90-дневна ПАУЗА и значително намалена реципрочна тарифа за време на овој период, од 10 отсто, исто така со важност веднаш. Ви благодарам за вашето внимание за ова прашање!, напиша пред малку Трамп на неговата социјална мрежа.

Инаку, претходно денеска Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини.

Одлуката дојде откако САД претходно оваа недела воведе дополнителни 50 отсто царини за кинеска стока. Ова следи по двете претходни мерки, од 34 проценти и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз денеска изнесуваше 104 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На огласот за Програмскиот совет на МРТ пријавени 37 кандидати
Следна Статија Ѓоковиќ по дебаклот: Им се извинувам на сите кои мораа да го гледаат ова!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп го номинираше шефот на нафтената компанија „Либерти енерџи“, Крис Рајт за секретар за енергетика

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека за секретар за енергетика ќе го номинира Крис Рајт, извршен директор на…

November 17, 2024
СВЕТ

Трамп ги удвои царините за железо и челик

Американските царини за поголемиот дел од увозното железо и алуминиум денеска ќе се удвојат, на денот кога претседателот Доналд Трамп…

June 4, 2025
СВЕТ

(ВО ЖИВО) „Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упати кон другата страна на Месечината

„Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упатува кон другата страна на Месечината Мисијата „Артемис 2“ е првиот чекор…

April 3, 2026
СВЕТ

Орбан: Нема да гинеме за Украина

Голем број поддржувачи на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска се собраа во Будимпешта на „Марш на мирот“,…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?