Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ги паузираше царините за Канада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ги паузираше царините за Канада
СВЕТ

Трамп ги паузираше царините за Канада

Објавено March 7, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто што ги воведе претходно оваа недела.

Ослободувањето, кое истекува на 2 април, ги вклучува двата најголеми трговски партнери на САД и се однесува на стоки опфатени со одредбите на Северноамериканскиот трговски договор.

Трамп претходно спомена продолжување на рокот само за Мексико, но изменетата наредба за царини ја вклучува и Канада.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум му се заблагодари на Трамп за „одличниот разговор“ полн со почит, ветувајќи му дека нејзината влада ќе работи на безбедноста и миграцијата откако Вашингтон привремено ги ублажи царините.

Трамп често ja фалe[e Шејнбаум, но остро го критикуваше канадскиот премиер Џастин Трудо. И во денешна објава на социјалната мрежа Truth Social, тој го обвини Трудо дека се обидува политички да ја искористи вознемиреноста што Канаѓаните ја чувствуваат за царините.

„Верувале или не, и покрај ужасната работа што ја заврши за Канада, мислам дека Џастин Трудо го користи проблемот со царините, што во голема мера го предизвика, за повторно да се кандидира за премиер. Многу забавно за гледање“, напиша Трамп.

Трудо, исто така, јавно го критикуваше Трамп. На денешната прес-конференција тој дури рече дека очекува Канада и САД во догледна иднина да бидат во трговска војна.

Акциите нагло паднаа откако Трамп првично не ги паузираше царините за Канада.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ ќе биде познат во април
Следна Статија Трајковски во финалето во скок во далечина на ЕП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

САД разгледуваат повеќе опции за заземање на Гренланд, вклучително и употреба на војска – соопшти Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите советници разгледуваат низа опции од однос на воспоставување контрола врз Гренланд, соопштија од Белата…

January 7, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп: Данците стигнале со брод на Гренланд пред 500 години, но тоа не значи дека е нивни

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика реакции со изјава поврзана со Гренланд, оценувајќи дека историското „откритие“ на некој простор не…

January 10, 2026
СВЕТ

Данската премиерка и Трамп разговарале 45 минути за Гренланд- му порачала дека не е на продажба

Данската премиерка Мете Фредериксен му кажа на Доналд Трамп дека Гренланд има право да одлучува за својата иднина. Потсетуваме дека…

January 16, 2025
СВЕТ

(Видео) Шефот на иранските специјални сили кој исчезна по израелските напади, сега се појави во јавноста

Командантот на силите Кудс на ИРГЦ, Есмаил Каани, утринава се појави на комеморација на бригадникот на ИРГЦ Абас Нилфурушан, кој…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?