Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ги удвои царините за железо и челик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ги удвои царините за железо и челик
СВЕТ

Трамп ги удвои царините за железо и челик

Објавено June 4, 2025 09:31
Сподели
Сподели

Американските царини за поголемиот дел од увозното железо и алуминиум денеска ќе се удвојат, на денот кога претседателот Доналд Трамп очекува од трговските партнери да ги дадат своите „најдобри понуди“ за да избегнат воведување царини за останатата стока на почетокот на јули.

Трамп доцна синоќа потпиша уредба со која денеска стапува во сила ненадејната најава од минатата недела дека царините за железо и алуминиум, воведени во март, ќе се зголемат од 25 на 50 проценти.

  • Почнавме со 25, а кога подобро ги проучивме податоците, сфативме дека тоа многу помогна, но треба да се направи повеќе. И затоа почнува 50 проценти, изјави советникот за економија на Белата куќа, Кевин Хасет.

Зголемувањето се применува за сите трговски партнери освен Велика Британија, единствената држава која досега склучила привремен трговски договор со САД. Царинската стапка за увоз на железо и алуминиум од Британија, која не е голем извозник на метали во САД, ќе остане 25 проценти најмалку до 9 јули.

Околу една четвртина од железото што се користи во САД е увезено, а податоците од заводот за статистика покажуваат дека повисоките царини особено ќе ги погодат најблиските американски трговски партнери – Канада и Мексико. Канада е прв, а Мексико трет извозник на железо во САД.

Канада е уште повеќе изложена на царини за алуминиум, бидејќи е убедливо најголем извозник на тој метал во САД – двојно повеќе од другите десет водечки извозници заедно. Речиси половина од алуминиумот во САД доаѓа од странски извори.

Кабинетот на канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека се „вклучени во интензивни преговори за да се отстранат тие и други царини“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Договорот со Велика Британија е во служба на народот и ја гарантира иднината
Следна Статија Загина 20-годишен мотоциклист од кумановско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Речиси цело Чиле остана без струја: сообраќајот во колапс, воведен полициски час

Напојувањето е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја, јавува Би-Би-Си. Прогласена е…

February 26, 2025
СВЕТ

Потона подморница со 40 туристи во Египет: Загинаа најмалку 6 лица

Подморница со 40 туристи потона рано изутрината во Египет. Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени откако потона туристичката…

March 27, 2025
СВЕТ

Над 60 членови на администрацијата на Трамп цел на хакерски напад

Мајк Валц, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе е отпуштен поради користење на лошо заштитена копија…

May 23, 2025
СВЕТ

Ердоган до Мерц: Израел спроведува геноцид во Газа, а Германија тоа не го признава

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес му порача на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Германија одбива да признае дека…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?