Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ги укина царините на мобилните телефони и компјутерите од Кина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ги укина царините на мобилните телефони и компјутерите од Кина
СВЕТ

Трамп ги укина царините на мобилните телефони и компјутерите од Кина

Објавено April 12, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги ослободи паметните телефони, компјутерите и другите електронски уреди од новиот пакет тарифи, вклучително и давачките од 145 отсто за кинескиот увоз.

Во известувањето објавено денеска од Царината и граничната заштита на САД се наведува дека ослободувањето ќе важи и за стоките што влегле во земјата или излегле од складиште по 5 април.

Администрацијата на Трамп вели дека електрониката нема да се оданочува ниту според глобалната тарифна стапка од 10 отсто, ниту според повисоката стапка што се однесува исклучиво на кинеските производи.

Одлуката е донесена по бројните предупредувања од американските технолошки компании дека новите царински правила би можеле драстично да ги зголемат цените на уредите, со оглед на тоа што повеќето од нив се произведени во Кина.

Бројни други електронски делови, вклучително и полупроводници, мемориски картички и соларни ќелии, исто така се изземени, во обид на администрацијата на Трамп да се заштити од негативното влијание врз домашната индустрија.

80 отсто од iPhone телефоните наменети за американскиот пазар се произведуваат во Кина, а останатите 20 отсто во Индија. Поради зголемената царинска несигурност, Apple и другите производители, како што е Samsung, со години се обидуваат да ги диверзифицираат производствените синџири со преместување на дел од нивниот капацитет во Индија и Виетнам.

Откако новите царини стапија на сила, Apple, според американските медиуми, ја забрзал испораката на уредите произведени во Индија за да го надомести евентуалниот недостаток.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вонреден инспекциски надзор на Кардиохирургија
Следна Статија Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Стапува во сила новата такса за работна виза за САД

Новата такса од 100.000 долари за визи H-1B во Соединетите Американски Држави, која стапува во сила денеска, ќе се наплаќа…

September 21, 2025
СВЕТ

Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале повеќе од илјада мигранти

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера 1.194 мигранти со 18 чамци од Франција преку Ла Манш пристигнале во…

June 1, 2025
СВЕТ

Уапсен е еден од најбараните терористи, ФБИ го бркаше 20 години

Еден од најбараните терористи по кои трагаше ФБИ е уапсен во Велс. Даниел Андреас Сан Диего беше баран за два…

November 27, 2024
СВЕТ

Специјалци ги ослободија заложниците од банката во Германија: Осомничените избегаа

Заложничката криза во банка во германскиот град Зинциг заврши откако полицијата упадна во филијалата на „Фолксбанк“ и пронајде двајца заложници,…

May 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?