Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп до НАТО: Подготвен сум да воведам санкции кон Русија ако и вие тоа го направите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп до НАТО: Подготвен сум да воведам санкции кон Русија ако и вие тоа го направите
СВЕТ

Трамп до НАТО: Подготвен сум да воведам санкции кон Русија ако и вие тоа го направите

Објавено September 14, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата мрежа Truth Social објави „писмо до сите народи на НАТО и светот“, во кое најавува дека е подготвен да воведе силни санкции кон Русија, но само доколку и сите земји на НАТО се усогласат и престанат да купуваат руска нафта.

„Подготвен сум да воведам големи санкции кон Русија кога сите земји членки на НАТО ќе се усогласат и ќе почнат да го прават истото, и кога ќе престанат да купуваат нафта од Русија. Во секој случај, јас сум подготвен да ‘тргнам’ кога и вие ќе бидете. Само кажете кога,“ порача Трамп.

Тој предложи и воведување царини од 50 до 100 проценти на Кина, кои би се укинале откако ќе заврши војната меѓу Русија и Украина. Според него, тоа би помогнало да се скрати руското влијание и побрзо да се стави крај на конфликтот.

„Ова не е моја војна, таа никогаш немаше да започне доколку јас бев претседател. Ова е војна на Бајден и Зеленски. Јас сум тука само да помогнам да се запре и да се спасат илјадници животи,“ додаде Трамп, наведувајќи дека само минатата недела, според неговите информации, во Украина и Русија загинале повеќе од 7.000 луѓе.

Последните недели Трамп значително ја заостри реториката кон државите кои и понатаму купуваат руска нафта, предупредувајќи дека со тоа ја финансираат војната во Украина. На почетокот на август тој воведе дополнителни царини од 25 отсто за Индија поради продолжување на увозот на руски енергенси, директно или преку посредници.

Истовремено, во повеќе наврати ги повика европските лидери целосно да го прекинат купувањето руска нафта, предупредувајќи дека Европа и натаму ѝ обезбедува на Москва милијарди евра годишни приходи.

Трамп предложи и Г7 и Европската унија да воведат високи царини за Кина и за сите земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, истакнувајќи дека неговото „трпение кон Путин е при крај“.

Европската унија засега е воздржана кон идејата за воведување царини од 100 отсто на стоката од Индија и Кина, а според дипломатски извори, ваквите екстремни мерки најверојатно ќе бидат одбиени. Наместо тоа, ЕУ се залага за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас до 1 јануари 2028 година, со забрана за краткорочни договори што би стапила во сила уште следната година.

Индија, пак, реагираше со критики, обвинувајќи ги САД и ЕУ за двојни стандарди. Владата во Њу Делхи истакна дека, додека ним им се префрла за увоз на руски енергенси, западните држави и понатаму имаат значителна трговија со Русија. И владејачките, и опозициските партии во Индија оценија дека е неправедно земјата да биде изложена на притисок додека слични практики се толерираат на Запад.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НАУТРО СЕЈАТ СТРАВ, А НАВЕЧЕР ПРАВАТ ЖУРКИ ВО ПАРК Хипокризијата кај СДСМ е сè поизразена, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Посипани повеќе од 100 камиони песок и 1.000 тони вода за локализирање на пожарот во Трубарево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Папата Лав XIV вети работа на единството на Католичката црква, која треба да биде симбол на мирот

Папата Лав XIV во својот денешен говор на инаугуративната миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан вети дека ќе работи…

May 18, 2025
СВЕТ

Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор

Властите упатија апел до над 160.000 жители на пет општини во каталонскиот регион на Шпанија да не ги напуштаат своите…

May 10, 2025
СВЕТ

Осомничениот за пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов во Њу Хемпшир, исто така уби професор на МИТ, велат службените лица

Осомничениот за пукањето на Универзитетот Браун е пронајден мртов во складишен простор во Салем, Њу Хемпшир. Властите веруваат дека е…

December 20, 2025
СВЕТ

Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека царините ќе стапат во сила на 1 август и оти повеќе нема да…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?