Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“
СВЕТ

Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Објавено April 10, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден од факторите кои довеле до неговата одлука да воведе 90-дневна пауза за дел од царините.

Го следев пазарот на обврзници. Тој е многу незгоден. Го следев. Но ако погледнете сега, е одличен. Пазарот на обврзници во моментов е одличен. Но, да, синоќа видов дека луѓето станаа малку нервозни,“ рече тој.

Трамп рече и дека го гледал генералниот директор на JP Morgan Chase, Џејми Дајмон, на „Фокс Бизнис“ утринава.

„Генералниот директор даде изјава во насока на тоа дека нешто мораше да се направи во врска со царините и трговијата… Тој го разбираше тоа,“ рече Трамп.

Тоа што се случуваше не беше одржливо. Некоj мораше да направи потег. Јас бев подготвен“, рече Трамп во изјавата што ја пренесе „Си-ен-ен“.

Во тој настап, Дајмон предупреди дека рецесија е веројатен исход од ескалирачката трговска војна што произлегува од царинската политика на Трамп.

„Никој не посакува (рецесија), но ако ја има, се надеваме дека ќе биде кратка,“ рече тој. „Мислам дека решавањето на овие царински и трговски прашања би било добра работа.“

Трамп за „Си-ен-ен“ изјави и дека одлучил да ја воведе паузата на новите реципрочни царини затоа што мислел дека луѓето почнале малку да стануваат нервозни.

Тоа што ни се случуваше на трговски план, не само со, знаете, Кина – а Кина беше убедливо најголемиот злоупотребувач во историјата – и други исто така… но некој мораше да преземе нешто. Мораше да се запре“ рече Трамп во Белата куќа.

Тој ја пофали поддршката од другите земји погодени од царините.

„Сите сакаат да постигнат договор – некој мораше да го направи она што го направивме ние, и јас воведов 90-дневна пауза за оние што не возвратија, затоа што им рековме: ‘Ако возвратите, ќе дуплираме’,“ рече тој.

„И тоа го направивме со Кина, затоа што тие возвратија, па ќе видиме како ќе се одвива сè. Мислам дека ќе испадне одлично.“

На прашањето за изненадната промена на ставот, Трамп одговори за „Си-ен-ен“: „Мора да бидете флексибилни,“ признавајќи дека неговиот тим ги следел реакциите на пазарот.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно се обиде да ја претстави одлуката на Трамп како дел од долгорочна стратегија за охрабрување на земјите да преговараат, а не како случајна постапка што го потресе светскиот пазар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Атомски фудбал во Барселона и Париз – Барса и ПСЖ зачекорија во полуфиналето
Следна Статија Tелефонски разговор Мицкоски – Лутник: Потврдени цврстите односи меѓу САД и Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Масивен руски напад врз Украина, одекнуваат експлозии, има повредени

Русија утринава погоди објект на цивилна инфраструктура и станбена зграда во Харков при голем напад на Украина, а засега е…

March 7, 2025
СВЕТ

2.000 бродови и 20.000 морнари блокирани во Ормускиот теснец од 28 февруари

Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ги извлечат блокираните бродови од Ормускиот теснец доаѓа само неколку дена…

May 4, 2026
СВЕТ

Голем прекин на струјата во Кан во екот на филмскиот фестивал

Голем прекин на струја во јужниот француски град Кан го наруши последниот викенд на меѓународниот филмски фестивал. Околу 160.000 домови…

May 24, 2025
СВЕТ

Судски двор одлучи во полза на политиката за притворање на имигранти без можност за ослободување

Поделен сојузен апелационен суд одлучи во полза на политиката за притворање на милиони недокументирани имигранти, дури и оние кои живеат…

February 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?