Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард
СВЕТ

Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард

Објавено June 5, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“.

Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата во врска со откривањето податоци за странските студенти, што резултираше со прекин на федералното финансирање.

Во најновата објава, Трамп го обвинува Харвард дека има „обемни врски со странски држави“ и дека „ги крши граѓанските права на своите студенти и наставници“.

– Утврдено е дека е неопходно да се ограничи влезот на странски државјани кои доаѓаат во САД исклучиво или првенствено со цел да студираат на Харвард, се вели во декретот.

Покрај забраната за нови уписи, декретот го повикува државниот секретар да размисли за поништување на издадените визи за студентите кои веќе студираат на Харвард, а забраната може да се продолжи и по иницијалниот рок од шест месеци.

Претставници на Харвард за Ројтерс изјавиле дека станува збор за „уште еден незаконски и одмазднички потег на администрацијата кој го крши правото на слобода на говор.“

Универзитетот истакнува дека ќе продолжи да ги штити своите меѓународни студенти и да се бори против притисоците од Белата куќа. Во моментов, речиси 7.000 странски студенти сочинуваат 27 проценти од студентското тело на Харвард.

Уредбата на Трамп доаѓа непосредно по пресудата со која судот ја блокираше претходната одлука на Министерството за домашна безбедност да забрани запишување на странски студенти на Харвард. Министерката Кристи Ноем претходно ја укина сертификацијата на универзитетот потребна за запишување странци, што исто така беше запрено по судски пат.

Белата куќа вчера се закани и со укинување на акредитацијата на Универзитетот Колумбија поради наводни повреди на правата на еврејските студенти за време на протестите против војната во Газа.

Администрацијата на Доналд Трамп во последните месеци го засили притисокот врз американските универзитети, обвинувајќи ги дека не преземаат доволно против антисемитизмот. Харвард беше обвинет и за „несоодветна соработка“ со властите во врска со безбедносните проверки на меѓународните студенти, вклучувајќи недостатоци во податоците за тројца студенти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот мебел во станот на Џеф Безос го внесуваат со кран, запрен е целиот сообраќај на Менхетн
Следна Статија Новак Ѓоковиќ го елиминира Зверев за пласман во полуфиналето на Ролан Гарос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Европскиот парламент и спрема интерпелација на Фон дер Лајен поради скандалот со вакцините

Гласање за доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е закажано за следната недела, а лидерот на…

July 3, 2025
СВЕТ

Иран погуби две лица под обвинение за шпионажа

Две лица се погубени во Иран поради наводно шпионирање за израелската разузнавачка служба Мосад за време на војната меѓу САД…

May 2, 2026
СВЕТ

Волстрит џурнал: САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија

САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации што ќе помогнат во лансирањето напади со ракети со долг дострел врз…

October 2, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Патријархот Порфирије му рекол на Путин дека во Србија се случува „обоена револуција“

За време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, патријархот Порфирије рече дека деновиве во Србија се случува револуција, „обоена…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?