Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски
СВЕТ

Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски

Објавено August 19, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Средбата во Белата куќа меѓу Трамп и Зеленски заедно со европските лидери и генералниот секретар на НАТО ги отворија вратите за трилатерален состанок за ставање крај на конфликтот во Украина. Американскиот претседател објави дека САД ќе дадат безбедносни гаранции за Киев и најави подготовка за тет-а-тет средба Путин-Зеленски, но и состанок со негово учество.

„Веќе работиме на организирање средба. А потоа, ако тоа оди добро, се надеваме дека следниот состанок ќе биде состанок меѓу претседателите Путин, Трамп и Зеленски каде што се надеваме ќе финализираме договор. Не велам дека ќе ја напуштат таа соба со мировен договор. Но, мислам дека фактот што луѓето сега разговараат едни со други, не се случуваше три и пол години“, изјави Марко Рубио, ржавен секретар на САД.

Телефонскиот разговор Трамп-Путин го потврдија и од Кремљ. Зеленски подготвен за разговори со Путин. Вели дека учеството на САД во безбедносните гаранции е голем чекор за Киев.

„Москва предложи прво билатерален состанок Украина-Русија, а потоа – трилатерален. Ние сме подготвени за какви било формати на ниво на лидери, бидејќи само на ниво на лидери можеме да ги решиме сите комплицирани и болни прашања. Прашањето за териториите е прашање што ќе го оставиме меѓу мене и Путин“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Европските лидери задоволни по средбата во Белата куќа. Велат-посветеноста на САД кон безбедноста на Украина го гарантира клучниот исход од разговорите во Вашингтон.

„Се согласивме за неколку важни точки. Првата и најважна е посветеноста на САД за понатамошен развој на безбедносните планови. Беше договорено дека ќе соработуваме со САД за содржината на овие безбедносни гаранции и соработката што секоја страна е подготвена да ја обезбеди“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

„Беше договорено дека „Коалицијата на подготвените“ сега ќе соработува со САД за координирање на тие гаранции. Веќе ги ангажиравме нашите тимови. Тоа е навистина важно за безбедноста во Украина, во Европа и за безбедноста во Обединетото Кралство“, изјави Кир Стармер, премиер на Велика Британија.

„Она што го дискутираме овде не е членство во НАТО, туку безбедносни гаранции од типот Член 5 за Украина, а што точно ќе подразбираат ќе биде дискутирано во наредните денови. Јасно е дека за Украина да размисли што да прави следно кога станува збор за територија, важно е да се знае и каква ќе биде ситуацијата со безбедносните гаранции“, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Трилатералниот состанок меѓу Русија, Украина и САД го оценија како историски чекор. Но сè уште велат, постојат разлики во ставовите меѓу Европа и Русија за потребата од прекин на огнот.

„Вистински преговори можат да се одржат само на самит на кој учествува и самата Украина. Таков самит е замислив само ако оружјето замолчи. Дали рускиот претседател ќе има храброст да присуствува на таков самит, не знаеме. Затоа, е потребно убедување“, изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија.

Европските сојузници потврдија дека не се разговарало за руското барање Киев да отстапи дел од териториите, нагласувајќи дека тоа е одлука што Украина ќе ја донесе самостојно во преговорите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За подметнување пожари досега се приведени 39 лица
Следна Статија Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кина забранува скриени сопирачки за врати на автомобили поради безбедносни причини

Кина станува прва земја која забранува дизајни popularизирани од Tesla на Илон Маск

February 4, 2026
СВЕТ

Што очекуваат Американците од новата власт?

Институтот за испитување на јавното мислење „Галуп“ објави анкета која, меѓу другото, дава покаатели за ставовите на американските граѓани за…

January 12, 2025
СВЕТ

(Видео) Во новите документи за Епштајн објавена и „исчезнатата минута“ од снимките од затворот

Комитетот за надзор на американскиот Конгрес објави снимка што ја пополнува претходно спорната „минута што недостасува“ од видеото од надзорот…

September 3, 2025
СВЕТ

Зеленски: Украина е поблиску до мир од кога и да било од почетокот на војната

Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мир отколку кога било во речиси…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?