Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски
СВЕТ

Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски

Објавено August 19, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Средбата во Белата куќа меѓу Трамп и Зеленски заедно со европските лидери и генералниот секретар на НАТО ги отворија вратите за трилатерален состанок за ставање крај на конфликтот во Украина. Американскиот претседател објави дека САД ќе дадат безбедносни гаранции за Киев и најави подготовка за тет-а-тет средба Путин-Зеленски, но и состанок со негово учество.

„Веќе работиме на организирање средба. А потоа, ако тоа оди добро, се надеваме дека следниот состанок ќе биде состанок меѓу претседателите Путин, Трамп и Зеленски каде што се надеваме ќе финализираме договор. Не велам дека ќе ја напуштат таа соба со мировен договор. Но, мислам дека фактот што луѓето сега разговараат едни со други, не се случуваше три и пол години“, изјави Марко Рубио, ржавен секретар на САД.

Телефонскиот разговор Трамп-Путин го потврдија и од Кремљ. Зеленски подготвен за разговори со Путин. Вели дека учеството на САД во безбедносните гаранции е голем чекор за Киев.

„Москва предложи прво билатерален состанок Украина-Русија, а потоа – трилатерален. Ние сме подготвени за какви било формати на ниво на лидери, бидејќи само на ниво на лидери можеме да ги решиме сите комплицирани и болни прашања. Прашањето за териториите е прашање што ќе го оставиме меѓу мене и Путин“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Европските лидери задоволни по средбата во Белата куќа. Велат-посветеноста на САД кон безбедноста на Украина го гарантира клучниот исход од разговорите во Вашингтон.

„Се согласивме за неколку важни точки. Првата и најважна е посветеноста на САД за понатамошен развој на безбедносните планови. Беше договорено дека ќе соработуваме со САД за содржината на овие безбедносни гаранции и соработката што секоја страна е подготвена да ја обезбеди“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

„Беше договорено дека „Коалицијата на подготвените“ сега ќе соработува со САД за координирање на тие гаранции. Веќе ги ангажиравме нашите тимови. Тоа е навистина важно за безбедноста во Украина, во Европа и за безбедноста во Обединетото Кралство“, изјави Кир Стармер, премиер на Велика Британија.

„Она што го дискутираме овде не е членство во НАТО, туку безбедносни гаранции од типот Член 5 за Украина, а што точно ќе подразбираат ќе биде дискутирано во наредните денови. Јасно е дека за Украина да размисли што да прави следно кога станува збор за територија, важно е да се знае и каква ќе биде ситуацијата со безбедносните гаранции“, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Трилатералниот состанок меѓу Русија, Украина и САД го оценија како историски чекор. Но сè уште велат, постојат разлики во ставовите меѓу Европа и Русија за потребата од прекин на огнот.

„Вистински преговори можат да се одржат само на самит на кој учествува и самата Украина. Таков самит е замислив само ако оружјето замолчи. Дали рускиот претседател ќе има храброст да присуствува на таков самит, не знаеме. Затоа, е потребно убедување“, изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија.

Европските сојузници потврдија дека не се разговарало за руското барање Киев да отстапи дел од териториите, нагласувајќи дека тоа е одлука што Украина ќе ја донесе самостојно во преговорите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За подметнување пожари досега се приведени 39 лица
Следна Статија Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Индонезискиот вулкан исфрли пепел 18 километри во воздух, евакуирани се над 4.000 луѓе

На индонезискиот остров Флорес, вулканот Левотоби Лаки-лаки повторно еруптираше, испраќајќи огромен облак од пепел во воздух во висина од 18…

July 8, 2025
СВЕТ

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Националната вселенска агенција на САД (НАСА) ќе изгуби околу 3.900 вработени како резултат на политиката за намалување на бројот на…

July 26, 2025
СВЕТ

Израелски напад на границата меѓу Либан и Сирија

Либанските власти потврдуваат дека израелските сили бомбардираа возило близу границата, при што загинаа најмалку четири лица.

February 17, 2026
СВЕТ

„Вашингтон пост“: Илон Маск и министерот Скот Бесент се степале во Белата куќа

Тепачка избувнала во Белата куќа помеѓу милијардерот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск, и американскиот министер за финансии Скот…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?