Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина
СВЕТ

Трамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина

Објавено August 15, 2025 08:35
Сподели
Сподели

Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска ќе се сретнат во Алјаска, најголемата и најоддалечена американска федерална држава, за да разговараат за прекин на војната во Украина.

Средбата е закажана во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон, на околу 10 километри од Енкориџ, за која Си-Ен-Ен наведува дека е единствената во Алјаска што ги исполнува безбедносните барања.

Почетокот на самитот, кој многумина го сметаат за историски, е најавен за 11:30 часот по локално време, односно 21:30 часот по централноевропско време, а како што најави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, тој ќе биде целосно координиран и ќе започне со тет-а-тет разговор, по што ќе следи проширен состанок со учество на делегации.

– Преговорите ќе продолжат за време на работниот појадок. Централна тема е украинската криза, но и економската соработка меѓу Москва и Вашингтон, рече Ушаков, додавајќи дека времетраењето на состанокот не е однапред ограничено и ќе зависи од текот на разговорите.

Тој, исто така, додаде дека секоја делегација ќе има пет члена.

Членови на руската делегација ќе бидат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов, директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев, како и Ушаков, објавија руските медиуми, додавајќи дека по состанокот е планирана заедничка прес-конференција, доколку разговорите го дозволат тоа.

Од друга страна, Белата куќа објави дека Трамп има намера да се фокусира исклучиво на прекинот на војната во Украина, оставајќи ги настрана другите прашања, за кои Москва рече дека би можеле да се дискутираат во друго време.

Трамп, пред два дена, по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, вети „многу тешки последици“ за Путин и Русија доколку не се согласи за прекин на војната.

Во медиумите се појавија и деталите од руската мировна понуда, наводно испратена до американскиот претседателски претставник Стив Виткоф пред брзиот договор за самитот во Алјаска. Во суштина, предлозите вклучуваат предавање на територии во регионот Донбас во источна Украина од страна на Киев за што ќе возвратно ќе следи согласност за примирје, што украинското раководство категорично го отфрли.

Меѓутоа, на Трамп, се чини, му се допадна идејата за размена на територија за мир, изјавувајќи во понеделникот дека и Украина и Русија ќе мора да отстапат дел од територијата една на друга за да се стави крај на војната и дека „во првите две минути ќе знаат дали е можен напредок“.

– Ќе има размена на територии. Го знам тоа од разговорите со Русија и другите страни, и тоа е во интерес на Украина, рече тој.

Британскиот „Телеграф“ објави дека Трамп би можел да му понуди на Путин пристап до ретки минерали за да го охрабри да ја заврши војната во Украина. Според весникот, на состанокот би можело да се разговара за отворањето на природните ресурси на Алјаска за Москва и укинувањето на дел од американските санкции врз руската авиоиндустрија.

Американскиот секретар за финансии, Скот Бесант, наводно ги истражува економските концесии што САД можат да ѝ ги понудат на Русија за да го забрзаат договорот за прекин на огнот.

Дополнително, понудата би можела да вклучува укинување на забраната за извоз на делови и опрема потребни за одржување на руските авиони, од кои многу се во лоша состојба.

Укинувањето на санкциите против руската авијација би било профитабилно и за американскиот производител Боинг, пренесува британскиот весник.

Британскиот весник „Тајмс“ објави дека Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како модел за завршување на војната во Украина.

Според ова сценарио, Русија би имала воена и економска контрола врз окупираните делови од Украина преку сопствено управно тело, имитирајќи го фактичкото владеење на Израел врз палестинските територии запленети од Јордан во 1967 година, додава весникот.

Како што изјави извор близок до Советот за национална безбедност на САД, идејата била покрената пред неколку недели за време на разговор помеѓу Стив Виткоф, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, и неговите руски соговорници во Москва.

Виткоф, кој исто така беше задолжен од Трамп да посредува во постигнувањето мир на Блискиот Исток, наводно ја поддржува оваа идеја, за која Американците веруваат дека ги заобиколува пречките во украинскиот Устав што забрануваат отстапување на територија без одржување „сеукраински“ референдум.

Идејата за размена на територии беше отфрлена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот дочекана на „нож“ во Бугарија
Следна Статија На протестите синоќа низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Не сме сите такви“ – Алхалаби е херојот од Сирија кој го совлада својот сонародник за време на нападот во Австрија

Сириец вчера избоде со нож пет минувачи по случаен избор во Вилах, Австрија пришто загина 14-годишно момче. Медиумите денес се…

February 16, 2025
СВЕТ

Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот…

November 2, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за…

November 25, 2024
СВЕТ

Додека Зеленски се кара со Трамп, Русија контролира две од четирите најголеми наоѓалишта на литуум во Украина

Во Украина постојат четири големи наоѓалишта на литиум, од кои две се под руска контрола: Еве кои се тие:  Шевченко (регион…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?