Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп најави царини за Мексико и Канада од 4 март и дополнителни 10 отсто царина за стоките од Кина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп најави царини за Мексико и Канада од 4 март и дополнителни 10 отсто царина за стоките од Кина
СВЕТ

Трамп најави царини за Мексико и Канада од 4 март и дополнителни 10 отсто царина за стоките од Кина

Објавено February 28, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговите предложени царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада ќе стапат на сила на 4 март, со дополнителни 10 отсто царини за кинескиот увоз, поради континуираниот проток на смртоносна дрога во САД од овие земји.

Трамп рече дека новите тарифи за кинескиот увоз ќе бидат дополнување на царината од 10 отсто претходно воведена на 4 февруари, што резултира со вкупна царина од 20 отсто за кинеските стоки.

Во објава на неговата платформа Truth Social, тој изјави дека смртоносната дрога фентанил продолжува да влегува во САД на „многу високи и неприфатливи нивоа“.

Трамп додаде дека се одлучил за царините бидејќи неговата администрација верува дека не е постигнат доволен напредок во сузбивањето на шверцот на фентанил во САД.

– Ја ставивме миграцијата под контрола, но сè уште имаме сериозна загриженост за бројот на смртни случаи поврзани со фентанил, изјави претставник на Белата куќа за британските медиуми.

Мексико ќе го екстрадира во САД нарко босот Рафаел Каро Кинтеро, осуден во 1985 година за убиство на агент на американската Администрација за борба против дрога (ДЕА), кој беше ослободен во 2013 година, кога се врати на шверцот.

Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во 2023 година, 72.776 луѓе починале во САД од синтетички опиоиди, пред се фентанил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски не очекува резолуцијата во ОН да има последици врз патот кон членство во ЕУ
Следна Статија Мицкоски во посета на Турција, со Ердоган ќе потпишат основање на Совет за соработка на високо ниво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уште едно пукање од страна на федерален агент во Минеаполис

Федерален агент застрела и рани маж во ногата во американскиот град Минеаполис откако беше нападнат, дополнително интензивирајќи го чувството на…

January 15, 2026
СВЕТ

Москва го предупреди НАТО: Ако Киев ги користи вашите ракети со долг дострел – одговорот на Русија ќе биде адекватен и разумен

Ако Украина изврши ракетен напад со долг дострел врз Русија, тоа радикално ќе ја промени суштината на конфликтот, изјави официјалниот…

November 18, 2024
СВЕТ

(Видео) Украина со ракети „Сторм Шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „Сторм Шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск,…

October 22, 2025
СВЕТ

Европол: 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари

Организираниот криминал и криминалот воопшто заработуваат огромна сума на пари, додека конфискацијата на имотот стекнат со криминал во светот е…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?