Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
СВЕТ

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Објавено June 15, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.

– Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа, рече Трамп.

Тој ја опиша американската војска како „најстариот огранок на најголемата борбена сила што човештвото некогаш ја познавало“ и испрати предупредување до глобалните противници: „Американските непријатели постојано учат – ако го загрозите американскиот народ, нашите војници доаѓаат по вас. Вашиот пораз ќе биде сигурен. Вашиот крај конечен. Вашиот пад целосен и потполн“.

Нашите војници никогаш не отстапуваат, никогаш не се предаваат и никогаш не попуштаат. Тие се борат, борат, борат – и победуваат, победуваат, победуваат, додаде американскиот претседател.

Тој изрази благодарност до припадниците на вооружените сили и ветераните. – Благодарение на нивната извонредна служба и посветеност, 250 години – Америка стои исправено, Америка стои гордо и Америка стои слободно, истакна Трамп.

Парадата, во која учествуваа над 6.000 војници, 150 воени возила и 50 авиони, вклучуваше воздушен спектакл, коњичка единица и завршен падобрански скок со американското знаме пред Трамп. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Шок-глетка“ од центарот на Скопје – Каков впечаток ќе добијат туристите кои прв пат доаѓаат?
Следна Статија Доларот на најниско ниво во последните три години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Украина планира да го дестабилизира енергетскиот систем на Унгарија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска ја обвини Украина дека планира да го дестабилизира унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување…

February 25, 2026
СВЕТ

Французите ја укинаа забраната за патување на сопственикот на социјалната мрежа Телеграм

Сопственикот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, може повторно да патува, по судската одлука за укинување на неговиот надзор и…

November 14, 2025
СВЕТ

Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека осудата на француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен и забраната за нејзино кандидирање…

April 1, 2025
СВЕТ

Орбан му заблагодари на Трамп: Силните луѓе прават мир, слабите војуваат

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што „храбро се заложил за мир“.…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?