Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп не е загрижен за воени злосторства во Иран, денеска истекува ултиматумот за отворање на Ормутскиот теснец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп не е загрижен за воени злосторства во Иран, денеска истекува ултиматумот за отворање на Ормутскиот теснец
СВЕТ

Трамп не е загрижен за воени злосторства во Иран, денеска истекува ултиматумот за отворање на Ормутскиот теснец

Објавено April 7, 2026 13:42
Сподели
Сподели

Иран  одбива да го отвори Ормускиот Теснец и да склучи договор со САД, додека истекува крајниот рок поставен од Доналд Трамп. Toj се закани дека ќе го уништи Иран во една ноќ ако не ги прифати неговите барања.

Иран вчера го отфрли американскиот предлог за итен прекин на огнот и укинување на блокадата на Теснецот.

Трамп вчера се закани дека би можел да го уништи Иран во една ноќ и дека таа ноќ би можела да биде утревечер. Неговиот ултиматум треба да истече ноќва во еден часот по средноевропско време.

Тој се закани со уништување на иранските електрани и мостови ако Иран не се согласи со неговите барања пред истекот на крајниот рок, за кој кажа дека нема повторно да го продолжува.

„Секој мост во Иран ќе биде уништен до полноќ по источно време в среда (пет часот по средноевропско време) и секоја електрана ќе биде онеспособена. Ќе гори, ќе експлодира и никогаш повеќе нема да се користи“, рече Трамп.

Тој ги отфрли прашањата дека неговото ветување за уништување на иранските електрани би претставувало воено злосторство, велејќи дека воопшто не е загрижен за таа перспектива.

„Се надевам дека нема да мора да го направам тоа“, додаде Трамп.

Иранскиот амбасадор во Обединетите нации изјави дека заканата на Трамп е „директно поттикнување на тероризам и дава јасен доказ за намера за извршување воени злосторства според меѓународното право“. Заменик-министерот за спорт на Иран, Алиреза Рахими, ги повика младите Иранци да формираат човечки синџири кај електраните низ целата земја.

И портпаролката на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека нападот врз таква инфраструктура е забранет според меѓународното право.

„Дури и ако одредена цивилна инфраструктура се квалификува како воена цел, нападот сепак би бил забранет ако ризикува прекумерна случајна штета на цивилите“, рече Стефан Дижарик

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вечерва не пропуштајте Реал-Баерн во ЛШ
Следна Статија (ВИДЕО) Пукотница пред израелскиот конзулат во Истанбул, има загинати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Околу 90 камиони со помош влегле во Газа

Околу 90 камиони со хуманитарна помош синоќа влегле во Појасот Газа и биле префрлени во центрите на ОН низ Појасот,…

May 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата продолжи да паѓа по најавите за најголемо ослободување на резервите

Цените на нафтата денеска дополнително паднаа, поради извештаите на Меѓународната агенција за енергетика кои предлагаат најголемо ослободување на резерви на…

March 11, 2026
СВЕТ

Низ Берлин се палат „Тесла“ возила

Непознати сторители запалиле четири автомобили „Тесла“ на подрачјето на Берлин, а полицијата смета дека станува збор за криминални дела со…

March 14, 2025
СВЕТ

(Видео) Првпат во историјата снимен јужниот пол на Сонцето

Јужниот пол на Сонцето, претходно неистражен регион, е за првпат снимен на зачудувачки слики од вселенското летало Solar Orbiter. Заедничка…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?