Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија
СВЕТ

Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија

Објавено March 6, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји.

Воведувањето царини од страна на Трамп, ја поттикна Канада да преземе одмазднички мерки, што предизвика тарифна војна меѓу двете соседни земји.

Одлуката за одмазднички мерки на Мексико се очекува овој викенд.

– Трамп   одлуката за привремено   изземање ја донесе откако разговараше со лидерите на „големата тројка“ американски производители на автомобили – Форд, Џенерал Моторс и Стелантис, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

На прашањето дали 30-дневното одлагање е доволно за да се подготви автомобилскиот сектор за новите тарифи, Левит нагласи: „Тој им рече да се соочат со ситуацијата, да почнат да инвестираат, да почнат да се селат, да префрлат производство овде во САД, каде што нема да плаќаат никакви тарифи“.

Акциите на големите производители на автомобили од САД, Азија и Европа скокнаа до шест отсто по новата одлука на Трамп.

Левит рече дека претседателот е „отворен“ за барања од други индустрии што бараат исклучоци.

Паузата на тарифите за автомобилите со кои се тргува според Северноамериканскиот договор за слободна трговија (USMCA) само го одложува поширокото воведување на тарифите, што стапуваат на сила на 2 април.

За тој ден, Трамп планира да воведе „реципрочни“ тарифи за да одговараат на увозните давачки, даноци и стимулации во други земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џорџ Клуни на чекор до развод!
Следна Статија Минималната плата ќе се зголеми, најверојатно за 1800 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Технолошки лидери реагираат на трагичната смрт на Алекс Прети

Инцидентот предизвика силни емоции и загриженост во технолошкиот сектор

January 28, 2026
СВЕТ

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Помалку од тројца од десет Британци мислат дека Брегзит е добра работа, а повеќето сакаат земјата да се врати во…

January 31, 2025
СВЕТ

Бомбашки напад во Истанбул, има повредени

Седум повредени лица, од кои три тешко е исходот од експлозиите кои во еден центар за забава во турскиот град…

May 27, 2025
СВЕТ

Новиот ирански лидер го почна мандатот со ракетни напади низ регионот

Иран ги одбележа првите часови по назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер со серија ракетни и дронски напади…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?