Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп постави нов рок за Путин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп постави нов рок за Путин
СВЕТ

Трамп постави нов рок за Путин

Објавено August 22, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој „ќе заземе поинаков пристап“.

Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv Independent.

Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора да заземе поинаков пристап“, рече Трамп.

Неговите коментари следеа по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се одржа само неколку дена по состанокот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, но без никаков напредок во преговорите.

Вчера, Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека Украина не може да ја добие војната без да нападне во Русија, обвинувајќи го поранешниот американски претседател Џо Бајден дека му дозволил на Киев само да „се брани, а не да возвраќа“.

Тој исто така тврди дека војната немало да се случи доколку тој бил на власт, завршувајќи ја објавата со зборовите: „Интересни времиња се пред нас!“

Овие изјави значително се разликуваат од неговиот став во декември 2024 година, кога во интервју за списанието Time предупреди дека дозволувањето на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија би била „голема грешка“ што носи ризик од опасна ескалација.

Да се потсетиме дека администрацијата на Џо Бајден одобри употреба на американски ракети ATACMS со долг дострел за напади во Русија уште во 2024 година.

Украинскиот претседател Зеленски повика на решителна реакција од САД доколку Русија одбие понатамошни мировни преговори.

Подготвени сме за билатерален состанок. Ако Русите не се, тогаш би сакале да видиме силен одговор од САД“, рече Зеленски, додавајќи дека побарал од Трамп да воведе дополнителни санкции врз Москва доколку одбие да седне на преговарачка маса со Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српската Алта Банка ја објави намерата за целосно преземање на Стопанска банка Битола
Следна Статија Свечено отворени 64-тите Струшки вечери на поезијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Политико: Третата светска војна веќе е во тек – во Украина

Ако сте шетале по линијата на фронтот во раните недели од војната во Украина, можеби сте слушнале извици на украински…

December 18, 2024
СВЕТ

Светот троши 2,72 трилиони долари за војска оваа година, најмногу од Студената војна

Светските воени трошоци се очекува да достигнат 2,72 трилиони долари во 2024 година, што е зголемување од 9,4 проценти во…

April 28, 2025
СВЕТ

Загинаа руски планирани освојувајќи го седмиот највисок врв во светот

Петмина руски планинари загинаа при искачувањето на седмиот највисок врв во светот, потврди денеска организаторот на експедицијата во Непал. Руски…

October 8, 2024
СВЕТ

Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира половина милион луѓе

Врховниот суд на САД денеска и дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го поништи привремениот легален статус на…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?