Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Путин целосно полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Путин целосно полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија
СВЕТ

Трамп: Путин целосно полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија

Објавено May 26, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“. Во објава на социјалната мрежа Трут Соушл тој рече дека рускиот лидер „непотребно убива многу луѓе, и не зборувам само за војниците“.

Според „Политико“, коментарите укажуваат дека ставот на Трамп кон Кремљ се заострува додека неговиот обид да посредува за крај на руската војна пропаѓа без видлив напредок. Објавата доаѓа по масовниот напад на Русија врз Украина за време на викендот, при што беа истрелани дронови и ракети врз 30 градови и села, при што загинаа најмалку 12 лица, вклучително и три деца.

„Ракети и дронови се истрелуваат врз градови во Украина, без никаква причина“, рече Трамп. „Секогаш сум велел дека тој (Путин) ја сака ЦЕЛА Украина, не само дел од неа, и можеби тоа се покажува како точно, но ако го направи тоа, тоа ќе доведе до пропаст на Русија!“

Критиките на Трамп кон рускиот претседател укажуваат на можноста дека расположението во американската администрација се променило против Путин, којашто првично имаше посочувствителен пристап кон позицијата на Москва во војната. Трамп постојано го обвинуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за започнување на конфликтот и за негово продолжување, иако руските сили започнаа целосна инвазија во февруари 2022 година, потестува Политико.

Масовниот напад врз Украина за време на викендот, само една недела откако Трамп и Путин одржаа двочасовен телефонски разговор за да разговараат за предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот, очигледно го зголеми гневот на американскиот претседател.

„Секогаш сум имал многу добар однос со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случило“, рече Трамп.

Но, иако во објавата на Трамп остро го критикуваше Путин, тој повторно го нападна Зеленски, кој долго време беше главниот извор на неговата фрустрација поради војната. Трамп рече дека Зеленски „не и прави услуга на својата земја со начинот на кој зборува. Сè што излегува од неговата уста предизвикува проблеми, не ми се допаѓа и подобро е да престане“.

Претходно, украинскиот претседател во објава на Икс рече дека „светот може да оди на викенд пауза, но војната продолжува, без разлика на викенди и работни денови. Ова не може да се игнорира. Молкот на Америка, молкот на другите во светот само го охрабруваат Путин“.
Трамп, кој ветуваше дека ќе ја заврши војната во Украина за „24 часа“ пред да биде избран за претседател, се бори со таа огромна задача.

Објавата следи по повторените закани од претседателот и други официјални лица од администрацијата дека ќе ги напуштат преговорите за прекин на огнот.

Трамп синоќа повторно ја истакна таа можност, велејќи: „Ова е војна на Зеленски, Путин и Бајден, а не на ‘Трамп’. Јас само помагам да се изгаснат големите и грди пожари, кои се започнати поради груба некомпетентност и омраза“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 и на средба со италијанскиот претседател Матарела
Следна Статија Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Републиканците освоија мнозинство врз Претставничкиот дом и целосна контрола на Конгресот на САД

Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во…

November 14, 2024
СВЕТ

Најмалку 11 мртви во терористички напад на Божикен базар во Германија (Вознемирувачко видео)

Грозоморен терористички напад се случи вечерва на божиќниот пазар во Магдебург, Германија. Страшна сцена од автомобил кој со полна брзина…

December 20, 2024
СВЕТ

Во Франција запленети 1,2 милиони евра, уапсени 15 осомничени за трговија со дрога

Обвинителството во Марсеј денеска потврди дека Одделот за борба против наркотици запленил 1,2 милиони евра скриени во комбе и оти…

November 9, 2024
СВЕТ

„Тик-ток“ не е достапен во САД

Кинескиот „Тик-ток“ не е во функција за корисниците во САД, пренесоа светските агенции. Апликацијата повеќе не е достапна на Apple…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?