Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп со остра порака до Иран: Ако не го прифатат договорот, ќе ги срушиме сите електрани и мостови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп со остра порака до Иран: Ако не го прифатат договорот, ќе ги срушиме сите електрани и мостови
СВЕТ

Трамп со остра порака до Иран: Ако не го прифатат договорот, ќе ги срушиме сите електрани и мостови

Објавено April 19, 2026 16:22
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна закана кон Иран доколку официјален Техеран не го прифати предложениот договор од Вашингтон. Откако претходно за „Фокс њуз“ најави продолжување на разговорите во вторник, Трамп преку својата социјална мрежа „Трут Сошнал“ испрати ултиматум.

„Нудиме многу фер и разумен ДОГОВОР и се надевам дека ќе го прифатат, бидејќи ако не го сторат тоа, САД ќе ги срушат сите електрани и сите мостови во Иран“, напиша Трамп, додавајќи: „НЕМА ПОВЕЌЕ ГОСПОДИН ФИН ЧОВЕК!“.

Американскиот претседател дополнително нагласи дека уништувањето на иранската инфраструктура ќе се случи „брзо, лесно“ и порача дека „ако не го прифатат ДОГОВОРОТ, ќе ми биде чест да го направам она што мора да се направи, што требаше да му го направат на Иран другите претседатели во последните 47 години“.

Заканите на Трамп доаѓаат како одговор на претходните критики од иранскиот преговарач Мохамед Багер Галибаф, кој блокадата на иранските пристаништа ја нарече „незнаечка“ и „глупава“. Галибаф истакна дека Техеран нема да дозволи транзит низ Ормутскиот теснец доколку нивните бродови се блокирани, додавајќи дека иранските сили се „целосно подготвени“ за евентуални непријателства од страна на САД.

Во дискусијата се вклучи и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, кој во неделата го оспори легитимитетот на американскиот претседател.

„Трамп вели дека Иран не може да ги користи своите нуклеарни права, но не кажува за каков злостор. Кој е тој да лиши една нација од нејзините права?“, праша Пезешкијан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски му се закани на Лукашенко со киднапирање „во стилот на Мадуро“
Следна Статија Пелистер добива нова планинарска патека

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Трамп се сопна по скали на авион – претходно му се исмеваше на Бајден за тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп (78), речиси падна на скалите синоќа кога влегуваше во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“. Видеото…

June 9, 2025
СВЕТ

Албанската наркомафија „падна“ во Финска: Запленети 300 килограми дрога

Во голема меѓународна операција, албанското Специјално обвинителство (СПАК), во тесна координација со финските власти, урна неколку моќни криминални мрежи вмешани…

June 3, 2025
СВЕТ

Турција уапси десетмина осомничени меѓу нив и двајца приведени во Македонија

Турските власти уапсија и екстрадираа вкупно десет лица осомничени за тешки кривични дела, од кои седум беа барани по црвена…

November 16, 2025
СВЕТ

Орбан предвидува: Новата влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Новата американска администрација на Доналд Трамп ќе прекине да дава помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?