Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување
СВЕТ

Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување

Објавено July 8, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека царините ќе стапат во сила на 1 август и оти повеќе нема да има продолжувања.

  • Немаше промени до овој датум, ниту пак ќе има промени. Со други зборови, сите пари ќе доспеат за плаќање почнувајќи од 1 август 2025 година, напиша тој на Truth Social.

Трамп додаде дека некои земји за кои се воведуваат царини вчера биле писмено известени, додека други ќе добијат официјално известување во текот на денот.

Трамп извести најмалку 14 држави за новите царински стапки кои ќе стапат во сила на 1 август, со напомена дека таквата царинска политика би можела да се промени со договор во областа на трговијата.

За Јапонија и Јужна Кореја е одредена царина од 25 отсто. Иста висина на царина е одредена и за Малезија, Казахстан и Тунис.

На Јужна Африка и Босна и Херцеговина им се воведени царини од 30 отсто, на Индонезија 32 отсто, на Бангладеш и Србија 35 отсто, на Камбоџа и Тајланд 36 отсто, а на Лаос и Мјанмар 40 отсто.

Трамп во писмата ги предупреди земјите против воведување реципрочни мерки, велејќи дека САД во тој случај ќе одговорат со воведување нови царини.

Трамп во април најави основна царинска стапка од 10 отсто за повеќето земји и дополнителни царини кои се движат до 50 отсто.

Подоцна го одложи стапувањето во сила на новите царини до 9 јули за сите освен за оние земји на кои им беше одредена стапка од 10 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие денови се најдобри за купување авиокарти
Следна Статија Три хороскопски знаци ќе живеат драстично подобро од 8 јули 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан му честиташе на Трамп: Сега е наш ред да го окупираме Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери блиски до Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, нагласувајќи…

January 21, 2025
СВЕТ

Трамп за царините: Ова е економска револуција и ќе победиме

Големото зголемување на царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп предизвика ескалација на трговска војна и доведе до пад на…

April 5, 2025
СВЕТ

Почина Жан Мари Ле Пен, основач на француската крајна десница и татко на Марин Ле Пен

Жан Мари Ле Пен, основачот на француската крајнодесничарска партија Национален фронт, почина на 96-годишна возраст, јавува Скај Њуз. Ле Пен…

January 7, 2025
СВЕТ

Мадона до папата Лав XIV: „Оди во Газа пред да биде предоцна“

Мадона го повика папата Лав да ја посети Газа во хуманитарна мисија за да им помогне на гладните палестински деца,…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?