Претседателот на САД, Доналд Трамп, завчера адресираше писмо до неговиот бразилски пандан, Луис Инасио да Силва, во кое го известува за неговата намера да воведе дополнителни давачки од 50 проценти на бразилските добра, како реакција на кривичното гонење на екс-претседателот Жаир Болсонаро.
“Односот на Бразил кон поранешниот претседател Болсонаро е меѓународен срам,” напиша Трамп во писмото, окарактеризирајќи го прогонот на некогашниот бразилски ултрадесничарски предводник како “лов на вештерки (што) мора веднаш да заврши”.
Бразилското Министерство за надворешни работи претходно објави дека го повикало вршителот на должноста амбасадор на САД на разговори, во знак на негодување поради поддршката на Амбасадата кон Болсонаро, против кого се води судски процес за обид за државен удар.
Ние сме суверена земја. Не прифаќаме мешање или туторство од никого,” изјави Силва на 7 јули, откако Трамп побара од Бразил да го “остави на мир” поранешниот претседател Болсонаро.