Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови
СВЕТ

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови

Објавено February 19, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека планира да воведе царини за автомобили од околу 25 отсто и слични давачки за полупроводници и фармацевтски производи, што е најново во серијата мерки што би можеле да ја нарушат меѓународната трговија.

Трамп во петокот рече дека нема да воведува царини за автомобили пред 2 април, ден откако членовите на неговата влада се очекува да му ги претстават податоците и решенијата за серија увозни царини за американски стоки. Тој долго време предупредува за, како што го нарекува, нефер третман на американските возила на странските пазари.

Европската унија, на пример, го оданочува увозот на автомобили со десет проценти, четирипати повеќе од САД – 2,5 проценти. Но, САД имаат царина од 25 отсто за увезените пикапи, освен оние кои доаѓаат од Мексико и Канада.

Трамп изјави дека секторските тарифи за фармацевтските производи и полупроводници, исто така, „ќе започнат од 25 проценти и повисоки и ќе бидат уште повисоки во текот на годината“.

Тој не наведе конкретен датум кога ќе стапат на сила тарифите, додавајќи дека сака да им даде време на производителите на лекови и чипови да градат фабрики во САД за да ги избегнат.

Од неговата инаугурација пред две недели, Трамп воведе десет отсто царина на целиот увоз од Кина, бидејќи Пекинг не го запре шверцот на фентанил. Потоа најави, а потоа одложи за еден месец, царини од 25 отсто за сите стоки од Мексико и Канада, освен енергијата.

Тој го одреди 12 март како датум за почеток на царината од 25 отсто за увоз на алуминиум, елиминирајќи ги исклучоците за Канада, Мексико, Европската унија и другите трговски партнери. Тарифите ќе важат и за стотици производи од челик и алуминиум.

Минатата недела Трамп го задолжи својот економски тим да подготви план за воведување реципрочни тарифи за секој производ што ќе одговара на тарифите во другите земји. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски во Вашингтон на Конференција на конзервативната политичка акција
Следна Статија Марко Трајановски европски младински шампион во ММА (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп го именуваше Дрискол за нов специјален пратеник за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го именува секретарот на американската армија Даниел П. Дрискол за нов специјален пратеник за…

November 22, 2025
СВЕТ

Македонските ракометарки направија од готово вересија

Македонската женска ракометна репрезентација претрпе минимален пораз на гостувањето кај Белгија со 26:25 во дуелот од 3.коло од квалификациите за…

March 5, 2026
СВЕТ

Сондата на НАСА се обидува да се приближи до Сонцето

Соларната сонда „Паркер“ се обидува да се приближи до Сонцето на растојание од нешто повеќе од шест милиони километри, што,…

December 24, 2024
СВЕТ

Почина припадничката на Националната гарда која беше застрелана од авганистански имигрант во близина на Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека почина Сара Бекстром, припадничка на Националаната гарда, која беше застрелана во близина на…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?