Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ќе ги тужи Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ќе ги тужи Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари
СВЕТ

Трамп ќе ги тужи Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари

Објавено November 15, 2025 12:29
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната недела во САД ќе поднесе тужба против Би-би-си, барајќи отштета од една до пет милијарди долари. Причината, како што тврди тој, е „монтажа“ на неговиот говор од 6 јануари 2021 година – денот кога негови поддржувачи влегоа во Капитол.

„Ќе ги тужиме најверојатно следната недела за отштета од една до пет милијарди долари. Мислам дека треба, во смисла дека дури и признаа дека тоа е измама. Ги извртеа моите зборови“, изјави Трамп.

Тој додаде дека планира да разговара со британскиот премиер Кир Стармер за време на викендот, посочувајќи дека според него Стармер се обидел да го контактира и дека е „многу засрамен“ од инцидентот.

Адвокатите на Трамп претходно и дадоа рок на Би-би-си – до вчера да го повлече документарецот или да се соочи со тужба од „не помалку од“ една милијарда долари. Освен тоа, тие побараа британскиот јавен сервис да се извини и да надомести за „значително нарушување на репутацијата и претрпената финансиска штета“.

Би-би-си призна дека монтажата на говорот на Трамп била „погрешна процена“ и пред два дена му испрати лично извинување. Сепак, од медиумот тврдат дека Трамп нема правна основа за тужба.

Спорниот документарец содржи три изменети извадоци од неговиот говор, што според адвокатскиот тим на Трамп го прави филмот „манипулативен и клеветнички“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да ја истераме правдата заедно, порачаа родителите на загинатите во Кочани
Следна Статија Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп прогласен за „Личност на годината“ од магазинот „Тајм“

Американскиот претседател Доналд Трамп е прогласен за „Личност на годината“ од магазинот „Тајм“, пишуваат американските медиуми. Новоизбраниот претседател на САД…

December 12, 2024
СВЕТ

Стив Џобс ќе добие своја монета од еден долар во 2026 година

Стив Џобс, визионерскиот коосновач на Apple, ќе биде овековечен на комеморативна монета од еден долар што ќе биде издадена во…

October 17, 2025
СВЕТ

Швајцарија ги замрзнува средствата поврзани со Мадуро

Швајцарија ги замрзна сите средства што ги поседуваат Николас Мадуро и неговите соработници во земјата, објави денеска Федералниот совет, по…

January 5, 2026
СВЕТ

Германскиот вицеканцелар: Администрацијата на Трамп ги напаѓа западните вредности

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна напад врз заедничките западни вредности, кои „треба да се сфатат многу сериозно“, изјави…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?