Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ќе ги тужи Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ќе ги тужи Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари
СВЕТ

Трамп ќе ги тужи Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари

Објавено November 15, 2025 12:29
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната недела во САД ќе поднесе тужба против Би-би-си, барајќи отштета од една до пет милијарди долари. Причината, како што тврди тој, е „монтажа“ на неговиот говор од 6 јануари 2021 година – денот кога негови поддржувачи влегоа во Капитол.

„Ќе ги тужиме најверојатно следната недела за отштета од една до пет милијарди долари. Мислам дека треба, во смисла дека дури и признаа дека тоа е измама. Ги извртеа моите зборови“, изјави Трамп.

Тој додаде дека планира да разговара со британскиот премиер Кир Стармер за време на викендот, посочувајќи дека според него Стармер се обидел да го контактира и дека е „многу засрамен“ од инцидентот.

Адвокатите на Трамп претходно и дадоа рок на Би-би-си – до вчера да го повлече документарецот или да се соочи со тужба од „не помалку од“ една милијарда долари. Освен тоа, тие побараа британскиот јавен сервис да се извини и да надомести за „значително нарушување на репутацијата и претрпената финансиска штета“.

Би-би-си призна дека монтажата на говорот на Трамп била „погрешна процена“ и пред два дена му испрати лично извинување. Сепак, од медиумот тврдат дека Трамп нема правна основа за тужба.

Спорниот документарец содржи три изменети извадоци од неговиот говор, што според адвокатскиот тим на Трамп го прави филмот „манипулативен и клеветнички“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да ја истераме правдата заедно, порачаа родителите на загинатите во Кочани
Следна Статија Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Политико“: ЕУ го одложува воведувањето на 19 пакет санкции против Русија

Европската комисија (ЕК) нема да воведе нов пакет санкции против Русија во среда, како што се очекуваше, објавувањето е одложено…

September 16, 2025
СВЕТ

Маск го нарече советникот на Трамп „идиот“

Илон Маск му возврати на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „идиот“.…

April 8, 2025
СВЕТ

ПРЕКИН НА УСЛУГИТЕ НА „СТАРЛИНК“ Илјадници Американци останаа без интернет

Сателитскиот интернет провајдер „Старлинк“ на милијардерот Илон Маск објави на својата веб-страница денеска дека има прекин на услугата. -Моментално има…

September 15, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Пукање на дописничката вечера на Белата куќа – Трамп е неповреден и евакуиран, осомничениот е во притвор

Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија се евакуирани од вечерата на дописниците од Белата куќа во саботата навечер по…

April 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?