Трансакциите со биткоини генерираат годишни емисии од 98 милиони тони CO2

- Advertisement -

Годишната емисија на јаглерод диоксид (CO2) што се јавува за време на трансакциите со биткоини моментално изнесува 98 милиони тони, објавија денес швајцарските медиуми.

За споредба, емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина во Швајцарија изнесува околу 41 милион тони годишно, објави порталот Swissinfo.

Само една трансакција со оваа криптовалута моментално емитува речиси исто толку CO2 како гледање 105.000 часа видеа на YouTube или обработка на 1,4 милиони трансакции со Visa картичка.

Сподели ја оваа статија