Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трансферот на Арнолд во Реал, сепак, нема да биде бесплатен, Ливерпул бара посебна компензација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Трансферот на Арнолд во Реал, сепак, нема да биде бесплатен, Ливерпул бара посебна компензација
СПОРТ

Трансферот на Арнолд во Реал, сепак, нема да биде бесплатен, Ливерпул бара посебна компензација

Објавено May 14, 2025 09:24
Сподели
Сподели

Трент Александeр-Арнолд официјално минатата недела објави дека го напушта Ливерпул, клубот каде што ја помина целата своја кариера.

Веста означува крај на една ера за 26-годишниот десен бек, кој пристигна во Ливерпул како шестгодишно дете и оттогаш прерасна во еден од најважните играчи и симболи на клубот. Во емотивното збогување, тој нагласи дека ги исполнил сите свои соништа на Енфилд, им се заблагодари на навивачите и на клубот и нагласи дека по 20 години е време за нов предизвик.

Според информациите објавени од Скај Спорт и бројни светски медиуми, Александер-Арнолд се сели во Реал Мадрид. Тој ја отфрли великодушната понуда на Ливерпул за продолжување на договорот, што би го сместило меѓу најплатените дефанзивци во светот, одлучувајќи се за трансфер во шпанската престолнина каде што ќе потпише петгодишен договор.

Иако сите првични информации сугерираа дека неговиот трансфер во Реал ќе биде целосно без отштета со оглед на тоа што неговиот договор истекува, се чини дека тоа нема да биде случај. Имено, Реал навистина сака Александер-Арнолд да игра на Светското клупско првенство, кое се одржува од 14 јуни до 13 јули.

Со оглед на тоа што неговиот договор со Ливерпул не истекува до 1 јули, тој би можел да му се придружи на Реал само половина од турнирот, но прашање е дали шпанскиот клуб воопшто би можел да го регистрира во тимот за гореспоменатото натпреварување.

Според ESPN, Ливерпул бара отштета од околу еден милион евра за да му дозволи на Арнолд да игра за Реал на Светското клупско првенство. Мадридскиот тим е во група таму со саудискиот Ал Хилал, мексиканскиот Пачука и РБ Салцбург.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Путин: Идиоти воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат
Следна Статија Парламентот во Бугарија одби воведување на еврото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шкендија ќе биде казнета за свирењето на химната од страна на Балистите

ФФМ најави високи казни откако синоќа навивачите на Шкендија ја исвиркаа македонската химна на финалето против Силекс. Згора на тоа,играчите…

May 21, 2026
СПОРТ

Крај на ерата на Салах во Ливерпул

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе ги напушти редовите на Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, објави вечерва актуелниот англиски шампион.…

March 24, 2026
СПОРТ

Винс Картер влезе во Куќата на славните

Кошаркарската Куќата на славните во американскиот Спрингфилд доби 13 нови членови, а најпознатото име меѓу нив е најдобриот забивач на…

October 15, 2024
СПОРТ

Бербатов е Македонец, но крие

Поранешниот бугарски репрезентативец Димитар Бербатов деновиве е во центарот на вниманието откако стана советник за спорт во владата на премиерот…

February 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?