Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајановски: Ќе направиме сè што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трајановски: Ќе направиме сè што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Ќе направиме сè што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат

Објавено July 13, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од 20 километри.

Тој во своето обаќање истакна:

„Големо е задоволството на овој убав ден да Ви објавам дека од денеска може да ги извозите првите километри од автопатот Кичево-Охрид кои заедно со претседателот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт Александар Николоски,градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, како и бројни,советници, пратеници и граѓани, кои беа присутни ги пуштивме во употреба со што ставивме во функција еден витален дел од автопатот кој е крвоток на патната инфраструктура и значително ќе го олесни пристапот до туристичките центри Охрид и Струга!

Ќе направиме сè што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат иако пред нас сѐ уште има големи предизвици. Инаку, од Требеништа до Охрид ќе се вози по левата страна под времен режим на сообраќај додека на десната страна работиме интензивно со цел да го стави и тој дел од автопатот во функција. Изградбата на автопатската делница е најважниот потег за развојот на стопанството и туризмот во регионот и земјава и тоа е мотив плус да продолжиме со засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.

Во моментов и на останатите подделници градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно со новиот динамички план за изградба на автопатот. Забрзано се градат и пристапните патишта од Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и на пристапен пат до село Горенци, село Оровник и Мешеишта. Изградбата на овие пристапни патишта е многу важна затоа што од нивната изградба зависи и пуштањето на делот од автопатот од Климештани до Охрид“, истакна Трајановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ: Владата сопствените неуспеси ги прикрива со клевети против Албанците и ДУИ
Следна Статија Во Тирана уапсен скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

-2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што…

March 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и…

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол

Во Гевгелија денеска ќе биде отворен најголемиот шопинг - центар на југот од земјава. Гевгелија Мол, на површина од 10.000…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?