Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајановски: Oбновени се 10.500 квадратни метри асфалтна површина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трајановски: Oбновени се 10.500 квадратни метри асфалтна површина
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Oбновени се 10.500 квадратни метри асфалтна површина

Објавено September 17, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Клуч за економски развој и подобрување на животниот стандард е обновена инфраструктура на регионалното поврзување, посебно на она кое води и кон границите. Такво стратегиско значење за Југоисточна Македонија има и магистралниот пат А4 кој води од Струмица до границата кон Бугарија, објави Коце Трајановски директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

-Свесни за ова, ЈПДП во Програмата за 2025 година предвиде инвестиција од 30 милиони денари за санација на најоштетените делови од патот. Средствата се искористени за реконструкција и надградба на три клучни делници, објави Трајановски.

Тој додаде дека санацијата опфати делови кај Робовска раскрсница, од село Секирник кон село Сушица, како и патот низ Ново Село, во должина од околу 2 километри и со променлива ширина на коловозот од околу 6,5 метри. Вкупно, обновени се 10.500 квадратни метри асфалтна површина, со целосно стругање на старите, оштетени слоеви и вградување на 2.000 тони нов асфалт.

Изведувач на градежните активности е Јавното претпријатие „Македонијапат“, кое успешно ја реализираше санацијата според планираните рокови и стандарди.

Обновената инфраструктура ќе овозможи побрз, побезбеден и покомфорен сообраќај за сите учесници во сообраќајот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доларот падна на најниско ниво од почетокот на јули
Следна Статија Бојан Јовановски: Бев будала што верував во Шарената револуција, тие што дојдоа беа гладни и жедни за власт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени

Нова инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави, стартот…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димовски: Нова инвестициона ера, Македонија привлекува рекорден број на странски инвестиции

„Целта на оваа Влада е компаниите, пред сè од приватниот сектор, да им дадеме сериозна поддршка, бидејќи оние компании кои…

January 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места

Туризмот, инфраструктурата, образованието се секторите на кој се фокусираме на соработка со Обединетите Арапски Емирати. Имаме бројни средби во овие…

April 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?