Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајко Славески именуван за нов гувернер на Народната банкa
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трајко Славески именуван за нов гувернер на Народната банкa
МАКЕДОНИЈА

Трајко Славески именуван за нов гувернер на Народната банкa

Објавено May 29, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Македонија.

За Славески 68 пратеници гласаа „за“, а 16 беа против.

Во рамки на општата расправа и низа реплики и контрареплики пратениците изнесоа различни ставови при што пратениците од власта се фокусираа на неговата стручност и компетентност, додека, опозицијата на политичката припадност на Славески и визијата за независноста на институцијата.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, го пофали Славески како „визионерски пионер на мерки кои што давале резултати“.

– Треба да бидат земени предвид и неговата економска и неговата општествена активност. Тој е визионерски пионер на мерки кои што давале резултати. Сакаме да разговараме од аспект на неговата стручност, сите други теми се неважни, рече Стојановски.

Според координаторот на пратеничката група на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, пратеникот Бобан Карапејовски, ако Славески е добар стручњак, а тоа го покажуваат неговите професионални компетенции, мислам дека, нагласи, од тоа како приватно се чувствува или дали е припадник на политичка партија не треба да биде клучно.

– Најголемата иронија во сето ова е што за унивезитетски професор по економија и за функција во Народна банка зборуваат еден социолог и еден лингвист. Да им оставиме на стручњаците, а тоа најдобро се гледа од профеисоналната кариера од Славески, рече меѓу другото Карапејовски.

Елми Азири, пратеник од Алијанса за Албанците изрази сомнеж во неговата соодветност за функцијата, велејќи дека „фактот што професор Славески над 25 години има политички функции нѐ става во дилема за зачувување на централната власт“.

За координаторот на пратеничката група на СДСМ, пратеникот Оливер Спасовски, Славески со искуството што е потребно, како критериум се исполнува, со оглед на возраста и академската кариера и сите функциии што ги имал, но не ги исполнува критериумите за висок морален кредибилитет и дигнитет, подготвеност за отчетност и за јавна комуникација со граѓаните и со институциите. Според него, Славески, како што рече, знае секогаш да стои на страната на крупниот капитал наспроти работниците. Пратеникот Спасовски се изјасни дека ќе гласа против.

Во дебатата се вклучи и пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ, кој нагласи дека критериумите не произлегуваат од компетентноста, туку може да се поврзани со одредени политички фактори.

Тој посочи дека во контекст на носење одлука за гувернер треба да се разгледаат сите аспекти за да се осигура дека Народната банка ќе продолжи да функционира како независна институција.

Пратеникот од политичката партија Левица, Реџеп Исмаил, во неговото образложение зошто Слсвески не е добар предлог- кандидат за гувернер, меѓу другото спомена дека тој бил најголем противник на зголемување на минималната плата, а дополнително, како што рече, ќе придонесе да се развие корупцијата и јазот меѓу богатите и сиромашните.

Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците оцени дека именувањето на лице како Славески кое никогаш не ја крие политичката припадност е закана за автономијата на институцијата“.

Пратеничката Сања Лукаревска порача дека СДСМ нема да гласа за гувернер со ваков профил.

Согласно биографијата доставена во предлогот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, проф. д-р Трајко Славески е роден во Охрид во 1960 година. Тој е редовен професор на Економски факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Студирал на истиот универзитет, а бил на постдипломски студии во САД (Калифорниски државен универзитет 1986/87год. и на Универзитетот Харвард 1989/90 год.) Во 1997 година престојувал шест месеци на Државниот универзитет Аризона во Темпи, Аризона, САД, како визитинг професор.

Славески е ко-автор на првата Антиинфлаторна програма, важен документ при монетарното осамостојување на Република Македонија во април 1992 година во борбата со тогаш присутната хиперинфлација и воведувањето на националната валута – денарот.

Во минатото проф. Славески ги извршуваше функциите министер за развој (1999-2000) и министер за финансии (2006-2009) во Македонската влада. За време на извршувањето на функцијата министер за финансии во Влада на Република Македонија ја вршеше функцијата гувернер во Светска Банка и гувернер во Европска банка за обнова и развој.

Како член на Влада на Република Македонија има иницирано и водено бројни реформи во економскиот и финансискиот систем на земјата, како, на пример, воведување на рамниот данок (2007 г.), осовременување на системот за вршење на плаќања, интегрирана наплата на придонесите за социјално осигурување (системот бруто плата, 2009 г.) и др.

На локалните избори одржани во 2021 година беше носител на листа за советници на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. На конститутивната седница на Совет на град Скопје, одржана на 17.11.2021 год, беше избран за претседател на Советот, функција што и денес ја извршува.

Проф. Славески е долгогодишен активен учесник во домашните јавни дебати за економски и финансиски прашања. Тој е исто така плоден автор на 8 книги (неколку во ко-авторство) и бројни статин во домашни и странски академски списанија, како електронски медиуми за пошироката јавност. во печатени и електронски медиуми за пошироката јавност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Политико: Сите вработени во Глас на Америка очекуваат оваа недела отказ
Следна Статија Челзи со фантастично второ полувреме ја освои Лигата на Конференции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: За една година изградени се 7 нови училишта

Во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, се одржа трибина на тема „600…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Тргнете ги рацете од Уставниот суд!

Тргнете ги рацете од Уставниот суд! Останете реално и вистински посветени на заложбите за владеење на правото, за правна држава…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судот не поведе постапка во предметите од Хелсиншки комитет и „Бехтел и Енка“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата со која се бараше испитување на уставноста на дел од Законот за изградба на автопатиштата…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се стега обрачот околу Крмзов, сомнежите се за сторен криминал од 15 милиони евра, допира и до политичари

Се работи интензивно за случајот со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и многу скоро институциите ќе излезат со конкретни информации. Како…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?