Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајчулески: Власта мора да ги соопшти сите детали за најавеното задолжување од 6 милијарди евра од Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Трајчулески: Власта мора да ги соопшти сите детали за најавеното задолжување од 6 милијарди евра од Британија
ПОЛИТИКА

Трајчулески: Власта мора да ги соопшти сите детали за најавеното задолжување од 6 милијарди евра од Британија

Објавено May 22, 2025 08:29
Сподели
Сподели

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во вестите на „Сител“ телевизија истакна дека за стратешкиот договор со Велика Британија има два аспекти, за политичко безбедносната димензија СДСМ дава целосна поддршка но за финансиско-економската димензија со најавеното задолжување од 6 милијарди евра се уште нема информации во јавноста и власта мора да излезе пред граѓаните и да го објасни.

-По однос на политичко безбедносната целосно даваме поддршка на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство и ова е континуитет на соработка, која постои од 1991 година од нашето осамостојување, се до денес. Но, за најавениот заем од Велика Британија од 6 милијарди колку што е еден буџет на државата, не се знае која е рочноста, колкава е каматата, дали ќе има зголемување на јавниот долг и колкаво ќе биде тоа. Според конфузните изјави од министерката за финансии, со него се прави дерогација на законот за јавни набавки, бидејќи фирмите мора да бидат британски, со што се нарушуваат основните начела на законот – фер, конкурентност и транспарентност. Овие прашања мора да бидат расчистени од страна на власта, рече Трајчулески.

Она што најмногу загрижува е недостатокот на капацитет на владата за спроведување на големи инфраструктурни проекти, додаде тој.

-Впрочем ние имавме прилика во текот на претходната година да ја видиме таа неспособност, односно недостатокот на капацитет со унгарските пари. 78 милиони евра беа алоцирани во рамките на буџетот за 2024 со завршната сметка на буџетот се гледа реализацијата на тие пари и таа е апсолутно 0. Во текот на првиот квартал од оваа година, кога ќе ја видите реализацијата на капиталните инвестиции е стварно загрижувачка. И тука дефинитивно се остава простор да сме загрижени за капацитетот за спроведување на вакви капитални проекти, истакна Трајчулески.

Во однос на безбедносниот аспект, Трајчулески истакна дека владата, односно премиерот мора да ја расчистат и дилемата која се појави во јавноста по пишувањата на британските медиуми во однос на можноста за прифаќање на баратели на азил, мигранти итн.

-Пред само неколку години функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ширеа хистерија и го плашеа народот, дека милион бегалци од Африка се планира да се населат во нашата држава и таа хистерија отиде дотаму што одредени градоначалници, одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ по општините собираа потписи да не се воспостават кампови за бегалци, и баш заради тоа ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија има уште поголема обврска да даде цврсти гаранции дека ова прашање не е предмет на договорот ниту е оставен простор за тоа да се разговара, нагласи пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески при гостувањето во вестите на „Сител“ телевизија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тотенхем од единствениот удар го „реши“ Јунајтед и го освои првиот европски трофеј по 41 година (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Трамп го нападна новинарот кој праша за луксузниот авион: Ти си срамота!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки?

Владата на СДС и ДУИ преку МЗШВ, конкретно Љупчо Дон Николовски работела со голем број нерегуларности, сомнежи за криминал и…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

Таравари го разреши Арбен Фетаи и уште неколку членови на претседателството на Алијансата за Албанците

Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, го разреши Арбен Фетаи од функцијата претседател на партиското собрание. Таравари изјави…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

Максим Димитриевски поднесе кандидатура за нов мандат за градоначалник на општина Куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски денеска поднесе кандидатура до општинската…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?