Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?
МАКЕДОНИЈА

Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Објавено April 24, 2025 12:37
Сподели
Сподели

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое се однесуваше на страшната трагедија во Кочани, која однесе 62 млади животи и над 100 повредени и за која се води селективна истрагата и се штитат актуелни функционери.

Во продолжение интегрален текст од прашањето:

Почитуван премиере, измина повеќе од еден месец од страшната трагедија во Кочани, која однесе 62 млади животи и над 100 повредени. Доволен временски период да можеме да ги сублимираме првите заклучоци.

После повеќе од еден месец можеме јасно да заклучиме дека кај највисоките владини функционери не постои морална вертикала, дека не постои чувство на морална одговорност и затоа денес немаме ниту една оставка од морални причини. Ова е поразително за една влада после несреќа од вакви размери и со толкав број на изгубени човечки животи. Но за моралот не се дискутира, човек или го има или го нема.

Вториот заклучок е водење на селективна истрага која во суштина треба да ги заштити сегашните носители на високи позиции во министерството за внатрешни работи, државниот пазарен инспекторат и други институции од нивната одговорност.

Целокупното водење на истрагата само ја потврдуваат тезата за контаминираност на истрагата и обид со разводнување на истата да се прикрие директната одговорност на оние кои требало да превенираат и да спречат. Ширењето на истрагата со децении наназад е само обид да се задоволи јавноста за сметка на откривањето на директните виновници за пожарот во дискотеката.

Неуспешен ќе биде обидот да се префрли целосната вина единствено на лица кои се индиректно врзани за последицата и кои биле носители на одредени функции пред повеќе од 10 години, а во исто време да не се повикаат на одговорност оние кои направиле сериозни пропусти во моментот на случување на несреќата.

И тука уште еднаш ќе потсетам на сериозните пропусти кои ги има направено министерството за внатрешни работи во делот на обезбедување на настанот, имено МВР е директно одговорно за контрола на процесот на употреба и давање дозвола за користење на пиротехника во затворен простор што е директна причина за пожарот, МВР не подготвило официјален план за обезбедување на настанот, МВР не направило процена на ризик, МВР не презеле никакви активности за прекин на настанот иако утврдиле присуство на малолетници, употреба на пиротехника и тоа во клуб за кој биле должни да знаат дека не поседува валидна лиценца.

И наместо насочување на истрагата на директните виновници ние гледаме правно политички акробации кои се насочени кон задоволување на јавноста но не и на правдата.

Почитуван премиере, најмалку што должи оваа држава на семејствата на починатите, на повредените и нивните семејства е правда. Правда која ќе ги опфати и индиректните одговорни лица, но пред сè директно одговорните. Правда водена од словото на законот, а не од политиката.

Моето прашање за вас е дали свесното и тенденциозно разводнување на истрагата е со цел да се попречи правдата и да се заштитат актуелни функционери кои се директно виновни за непосредните причини за пожарот и страшните последици од истиот кои однесоа 62 млади животи?

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новинарите го бојкотираа Албин Курти – ги спуштија микрофоните додека тој ја напушташе зградата на Собранието
Следна Статија Кривична за скопски бизнисмен, не платил 12 милиони денари данок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани

Во близина на струмичко Костурино и дојранското село Црничани постоеле неолитски населби стари осум милениуми. Ова го потврдија и геомагнетните…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Хаос на Богородица и Евзони, на граничните премини се чека со часови

Почетокот на летната туристичка сезона и викендот повторно создадоа големи гужви на граничните премини Евзони и Богородица, каде што илјадници…

June 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа, да кажеме СТОП!“

Верица Трифунова, мајка на трагично починатата Моника Спасова, која загина во ноќниот клуб „Пулс“, испрати длабоко емотивен апел до јавноста,…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?