Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов: Без работници нема ни држава ни власт! Не ви се плашиме!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов: Без работници нема ни држава ни власт! Не ви се плашиме!
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Без работници нема ни држава ни власт! Не ви се плашиме!

Објавено March 14, 2026 13:32
Сподели
Сподели

Протестот на работниците денеска започна од Работничкиот дом, ќе помине покрај Собранието и Стопанската комора, за да заврши пред Владата.

Барање се исти -минималната плата да се зголеми на 600 евра и линеарно зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари. Според податоците на Управата за јавни приходи, на кои се повикува синдикатот, околу 160.000 работници примаат плата под прагот на сиромаштија-

-Денес огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закакануват. Затоа што ги уценуваат по губење на нивните работни места по распоредување и губење на нивната плата. Но без оглед на тоа- Не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак. Покажавме и дека 21 човек на улица вршат работа да прават нервоза кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денес им покажуваме дека можеме и највеќе затоа што без работници нема држава, а нема ниту власт. Продолжуваме пред Собраненито, пред газдите, пред Стопанската комора и завршуваме пред Владата- Слободан Трандафилов од ССМ.

Минималната плата во државата мора да се зголеми во текот на март, бидејќи работниците со својот труд ја заработуваат и заслужуваат повисоки примања, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Тој рече дека зголемувањето на минималната плата е неопходно во услови кога трошоците за живот постојано растат, а голем број работници едвај ги покриваат основните потреби.

„Сметаме дека во месец март мора да се зголеми минималната плата, затоа што тие не ја даваат, туку затоа што ние како работници ја заработуваме и затоа што им заработуваме многу повеќе од тоа што тие не плаќаат“, изјави Трендафилов.

Според него, сегашните предлози за усогласување на минималната плата се недоволни и не ја следат реалната состојба со цените и животниот стандард.

ССМ го отфрла законското усогласување од 1.667 денари со конкретен аргумент: само во последните два месеца вредноста на синдикалната минимална кошница пораснала за 2.000 денари – усогласувањето не го покрива ни растот на трошоците за живот.

Актуелната минимална плата изнесува приближно 397 евра, додека синдикалната потрошувачка кошница за јануари надминала 66.000 денари. Со законското решение минималната плата ќе изнесува околу 26.000 денари – најнизок минималец во регионот, освен Косово.

Од ССМ посочуваат дека растот на цените на храната, енергијата и другите основни производи значително го оптоварува домашниот буџет на граѓаните, поради што синдикатот смета дека е потребно поголемо зголемување на минималната плата.

Синдикатот и понатаму ќе продолжи да се залага за подобрување на работничките права и за повисоки плати, со цел да се обезбеди подобар животен стандард за работниците во државата.

Работничкиот протест, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија, започна денес со почеток во 12:05 часот пред Работничкиот дом во Скопје, на улицата „Мирче Ацев“ во општина Центар.

По протестот, ССМ останува на најавата за 24-часовен генерален штрајк кој овој пат ќе го опфати и приватниот сектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадиновски: Да не се кратат платите- туку да се расчисти со судиите и обвинителите кои го валкаат образот на фелата
Следна Статија Уапсен скопјанец, дома имал кокаин за продажба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Меѓународни компании се повлекуваат од соработка со ICE поради етички причини

Францускиот мултинационален гигант Capgemini веднаш се дистанцира од ICE по критики од француските службени лица

February 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Извршителите лани наплатиле рекордни 160 милони евра

Извршителите минатата година од државата како должник наплатиле рекордни 31,5 милиони евра, без да се наведе колку од оваа сума е за…

March 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Три големи инфраструктурни проекти наскоро ќе се завршат, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да завршат најмалку три големи инфарструктурни проекти. -Очекувам, завршување на најмалку три инфраструктурни проекти, и тоа…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бојкотот го преполови прометот на маркетите: УЈП ги објави податоците, пад на прометот за 46,59%

Управата за јавни приходи денеска преку соопштение ги достави податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?