Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени

Објавено October 3, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, синоќа со остра реакција на социјалните мрежи обвини дека се навредува интелигенцијата на работниците, тврдејќи дека тие се далеку попродуктивни отколку што се платени за својот труд.

Според неговата анализа, македонските работници имаат „мизерни плати“, иако со својата работа создаваат вредност која покрива многу повеќе од нивните лични примања.

„Ваквите податоци покажуваат дека еден работник е толку многу продуктивен што си ја заработува својата плата, ги заработува платите на директорите и менаџерите, заработува за џип и стан за газдата, заработува за инвестициите на газдата и на газдата му заработува уште околу едногодишна работничка плата“, напиша Трендафилов.

Тој ја илустрираше поентата дека работникот, освен што ги покрива сите трошоци на компанијата, на сопственикот му остварува и екстра профит во висина на една просечна годишна минимална плата.

Својата објава претседателот на ССМ ја завршува со саркастична забелешка упатена до оние кои, како што вели, се прават дека веруваат во спротивното.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата помеѓу СДСМ, ДУИ и ЛЕВИЦА е огромен
Следна Статија Хамас се согласи да ги ослободи сите заложници по ултиматумот на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија останува закована на дното по висината на платите споредени со регионот

Македонија никако да мрдне од мртва точка, што се однесува до месечните примања на граѓаните, па така земјава и натаму…

December 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа, стоковите резерви да се полнат со македонски производи

Стоиме на зборот дека ќе се набави оризова арпа за стокови резерви. Веќе Агенцијата за стокови резерви ги има направено…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во тек е изработка на нов просторен план на државата

Во тек е изработка на нов просторен план на државата, токму од страна на Агенцијата за планирање на просторот, истакна…

December 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

ММФ предупредува: Светската економија е на раб на нагло и опасно заладување

Сигурносното ќебе нè грее, но можеби една нога ни останала на студено,“ рече директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, на состанокот на…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?