Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за Кривичниот законик, членот 353 остана избришан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за Кривичниот законик, членот 353 остана избришан
ПОЛИТИКА

Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за Кривичниот законик, членот 353 остана избришан

Објавено January 23, 2026 18:18
Сподели
Сподели

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, обвини дека коалицијата ВМРО-ЗНАМ на денешната комисиска расправа ги одбила сите амандмани поднесени од СДСМ за Кривичниот законик, вклучително и предлогот за враќање на членот 353 – злоупотреба на службената положба и овластување, во формата пред измените од 2023 година.

Според Тренчевска, причината за ваквата одлука е јасна – со сегашните законски решенија, како што рече, не постои вистинска одговорност во најкритичната област, а тоа се тендерите. Таа оцени дека без силен и ефикасен член 353, владејачката коалиција си остава простор државните пари да се распределуваат кон блиски фирми, без страв од санкции.

Тренчевска информираше дека бил одбиен и амандманот со кој СДСМ барало бришење на рокот од пет години за конфискација на имот стекнат со криминал, посочувајќи дека е недозволиво украдениот имот од граѓаните да не може да се конфискува без оглед на времето кога е стекнато. „Правда со рок на траење не е правда“, порача таа.

Како трет спорен момент, Тренчевска наведе дека владејачкото мнозинство одбило да воведе строги и јасни правила за функционирањето на системот „Safe City“, со кои дигиталните податоци и снимки би се бришеле во рок од 48 часа, а пристап до нив би бил можен исклучиво со судски налог. Според неа, со ваквото решение се остава простор за злоупотреби и за претворање на Министерството за внатрешни работи во партиски инструмент за следење, притисоци и уцени врз граѓаните.

Дополнително, таа посочи дека биле одбиени и амандманите за драстично зголемување на казните за организиран криминал, како и за проширување на условите за конфискација, со цел криминалниот имот да не може да се сокрива зад туѓи имиња, параван-фирми и фиктивни сопственици. Тренчевска истакна дека не поминале ниту предлозите за зајакната кривично-правна заштита на децата од најтешките форми на експлоатација.

„Ова е уште еден доказ за она што СДСМ подолго време го говори – се случува грабеж на државните пари преку криминални тендери, а наместо правда, гледаме обид за спас од одговорност“, изјави Тренчевска.

Таа порача дека, и покрај актуелните одлуки, одговорност за криминал ќе има. „Кога-тогаш, никој нема да се спаси. Сите ќе одговарате“, порача потпретседателката на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија
Следна Статија Маж пронајден починат во Ѓорче Петров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ до Филков: Тргнете ги рацете од судството и обвинителството

ДУИ до Филков упати остра политичка порака по неговата денешна изјава за одлуката Артан Груби да добие куќен наместо ефективен…

February 24, 2026
ПОЛИТИКА

Тоневски: Пробиштип ќе добие нова населба за млади брачни парови, градски базен и Дом за стари лица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што…

October 6, 2025

Николов: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Станува збор за политички притисок, оцени денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов, откако СВР Велес вчера информираше дека му е поднесена…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?