Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трет мобилен оператор во Македонија: Процедурата за лиценца веќе започна – потребата за поголема конкуренција е непоходна, вели Николоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трет мобилен оператор во Македонија: Процедурата за лиценца веќе започна – потребата за поголема конкуренција е непоходна, вели Николоски
ЕКОНОМИЈА

Трет мобилен оператор во Македонија: Процедурата за лиценца веќе започна – потребата за поголема конкуренција е непоходна, вели Николоски

Објавено April 29, 2025 11:18
Сподели
Сподели

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека повеќе нема никаква дилема околу потребата за воведување трет мобилен оператор во Македонија. Тој посочи дека со ова ќе се создадат нови работни места, ќе се овозможи директна инвестиција, а најважно, ќе се зголеми конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар.

Гостувајќи во емисијата „360 степени“, Николоски истакна дека постојните два мобилни оператори продолжуваат да функционираат како дуопол, без да понудат поквалитетни услуги кон корисниците, поради што е неопходно воведување нов играч на пазарот.

За жал во овие 8-9 месеци откако ние сме Влада, направија се да докажат на цела јавност дека има потреба од трет оператор. Го држат дуополот помеѓу себе, нема никаков натпревар помеѓу себе, не понудија никакви подобри услуги. Патувајте низ државата, половина држава мрежа нема или ви се губи мрежата. Да не зборувам за потценувачкиот однос кој што го имаат кон петте национални приватни телевизии и кон регионалните телевизии, каде што од граѓаните наплаќаат за кабелска телевизија, а на овие телевизии, иако имаат законска обврска, не им исплаќаат ништо. Така што направија се, за да веќе никој нема дилема дали треба или не треба да има трет оператор и АЕК веќе започна процедура за тендер за лиценца за трет оператор. Тоа е добро од повеќе причини. Прво ќе добие пари државата, некаде лиценцата е помеѓу 8 и 12 милиони евра. Второ ќе добие директна инвестиција државата, ќе се отвараат работни места и трето според мене најважно, ќе добие конкуренција затоа што во моментов конкуренција нема, двата оператори дејствуваат како еден”- истакна вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека покрај “4IG”, веќе имало заинтересираност од уште еден мобилен оператор од Романија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Нападнат декан на факултет во Нови Сад; Брнабиќ: Кој сака да живее во ваква држава?
Следна Статија Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

КРПЕН ЖИВОТ: На едно семејство потребни му се 1.120 евра за да го помине месецот

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, објави денеска Сојузот на…

June 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски по посетата на ОАЕ: Очекувам првата убава вест да ја објавиме уште утре

Посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше исклучителна успешна и македонската делегација беше пречекана на високо ниво во Абу Даби.…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ Еве за колку се намалија во март

Трендот на намалување на каматните стапки на кредитите  продолжува и во март, покажуваат податоците на Народна банка. Просечната каматна стапка на…

May 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?