Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трошоците на живот во април повисоки за 2.6 отсто, цените на мало пораснати за 2.7 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трошоците на живот во април повисоки за 2.6 отсто, цените на мало пораснати за 2.7 отсто
ЕКОНОМИЈА

Трошоците на живот во април повисоки за 2.6 отсто, цените на мало пораснати за 2.7 отсто

Објавено May 7, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %.

Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %.

Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %.

Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %.

Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Малопродажните цени, од друга страна, во април во однос на март годинава се зголемени за 1,6 проценти.

Индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,7 %, се наведува во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесено обвинение против зетот на Зоки Фаци: Запалил стан и викендица, предизвикал општа опасност
Следна Статија Сиљановска Давкова: Граѓаните остануваат посветени на европскиот пат, но ова е неодржлива состојба која не говори само за нас, туку и за кредибилитетот на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува организаторите на зелените пазари дека до 31 декември имаат обврска до УЈП да…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска ќе точиме поевтини горива

Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нотари: Дали нѐ заштитуваат или не?

„Нотарите ни го комплицираат животот, тие се тука само за да им ги земат парите на граѓаните, а нивната улога…

November 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?