Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони
БАЛКАН

Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони

Објавено October 4, 2025 16:27
Сподели
Сподели

Поплавите што зафатија делови од југоисточна Бугарија и брегот на Црното Море одзедоа три животи и принудија стотици луѓе да се евакуираат своите домови, соопштија бугарските власти.

Министерот за внатрешни работи Даниел Митов изјави дека меѓу трите жртви се двајца спасувачи кои загинале пружајќи помош во крајбрежното одморалиште Елените, кое е најпогодено од невремето.

Делови од крајбрежниот регион се тешко оштетени, а пороите однесоа автомобили и приколки во морето и поплавија куќи, хотели и кампови.

Бугарските власти прогласија вонредна состојба во неколку градови по должината на брегот на Црното Море, а јавниот превоз е во прекин поради поплавени патишта.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ситуација во регионот на Бургас постепено се нормализира. Во североисточниот дел од земјата и денеска е прогласен жолт аларлм за можно невреме, а се следат и тековите во сливот на реките Тунџа, Јантра и Марица.

Во текот на изминатите 24 часа, одговорено е на 340 повици за предизвикана штета од невремето. Од нив 218 биле за паднати дрвја, 100 за поплавување и 22 за обезбедување помош и евакуација. Полициските, жандармерските и противпожарните служби евакуираа над 100 луѓе во погодените населби, од кои 17 се деца.

Над 80 населби се без електрична енергија. Состојба на катастрофа е прогласена во општините во регионот на Бургас, Монтана, Видин, Перник и Крџали, а вонредна состојба во Несебар, Царево, Перник, Крџали.

Во округот Бургас, ситуацијата останува најтешка во Царево, Свети Влас и одморалиштето Елените. Делови од Созопол, селото Лозенец и две населби во општина Карнобат се без електрична енергија.

Дел од патиштата се затворени поради паднати дрвја, а дестици населби се отсечени.

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се ангажирани дополнителни сили кои им помагаат на локалните власти во надминување на последиците во поплавените населби. На терен се и припадници на армијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје
Следна Статија Мицкоски и Касами на увид на реконструкцијата на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство, двајцата одат во вториот изборен круг

Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби…

December 30, 2024
БАЛКАН

Вучиќ: Сепак, нема да има прекин на испораката на гас од Азербејџан

Српскиот претседател информира дека бил известен од властите во Азербејџан дека и покрај објективните пречки, нема да прекине испораката на…

January 12, 2025
БАЛКАН

И Црногорците ќе ги бојкотираат продавниците

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите…

January 27, 2025
БАЛКАН

Седми неуспешен обид за конституирање на косовското собрание

Пратениците на Собранието на Косово денес не успеаја да го изберат претседателот на Собранието, по седми пат, откако кандидатот на…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?