Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад
МАКЕДОНИЈА

Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад

Објавено May 7, 2026 10:01
Сподели
Сподели

Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад, го селектираат и складираат во повеќе компостери во дворот на неготинската гимназија и од него ќе прават ѓубриво за ѓубрење на јавни зелени површини. За ова денеска информираа од тимот што го спроведува проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“. Во проектот се вклучени над 40 средношколци.

– Примерот со овие младинци од Неготино говори дека има млади кои не чекаат иднина, туку ја градат. Во време кога многумина зборуваат за загадување, отпад и климатски промени како за проблеми што изгледаат преголеми за локално решавање. Станува збор за Никола Гичовски, Дончо Димитриовски и Крсте Кочовски – ученици во средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Неготино – соопштија од проектниот тим.

Оттаму појаснија дека всушност, станува збор за проект, како органскиот отпад да не биде товар, туку ресурс, како училиштето да не биде само место за настава, туку лабораторија за иднината и како младите да не бидат само набљудувачи на општествените проблеми, туку нивни решавачи.

Проектот предвидува развој на практични решенија, локално вклучување и создавање модел што може да има пошироко влијание во заедницата.

Зад оваа иницијатива стоела и една многу поголема цел – во градот да се воведе примарна селекција на комуналниот отпад, со што уште на почетокот би се одвојувале фракциите што можат повторно да се искористат. На тој начин, секундарно би се издвојувале суровините за рециклирање, органскиот дел од отпадот би се компостирал, а само оној дел што не може да се преработи би се депонирал – и тоа во значително намалена количина. Ваквиот пристап не значел само почиста животна средина, туку и поодговорно управување со јавните ресурси, намалување на трошоците за депонирање и долгорочна финансиска заштеда за заедницата.

– Координатор на проектот е Гичовски. Врз основа на добиените технички податоци од мерењата, тој има задача да интервенира во самиот процес преку додавање на микробиолошка култура од микрорганизми, со цел процесот на разложување на органскиот отпад да биде убрзан, насочен, следен и подобрен. Тоа значи дека проектот не се темели на импровизација, туку на следење, анализа и прилагодување – токму како што се работи во сериозни иновативни проекти – соопштија од проектниот тим.

Димитриовски бил одговорен за поставување на современа мерна техника со која се следат микроклиматските услови во компостерот. Тоа значи следење на параметри што се клучни за да се разбере како се одвива процесот на разложување на органскиот отпад.

– Во ваков процес, секој податок е важен – температура, влажност, услови во внатрешноста на компостерот. Токму тие податоци овозможуваат да се добијат вредни резултати и да се согледа дали микробиолошкиот процес се одвива правилно, стабилно и ефикасно. Кочовски подготвува објави, видеа и промотивни содржини – соопштија од тимот.

Патем споделија дека проектот бил насочен кон циркуларна економија, управување со органски отпад и едукација на заедницата, поддржан од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, имплементиран од PIN, ARNO, LEAD и „Ековита“, а финансиран од Европската Унија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова ера на вештачка интелигенција: OpenAI вложува 50 милијарди долари
Следна Статија Во јуни ќе се знае дали Македонија ќе биде дел од роаминг со ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лотарија под Перпарим Бајрами ТРОШЕЛА МИЛИОНИ ЗА ЗАКУП, а давале еден куп пари и за спонзорства

АД Државна лотарија под водство на Перпарим Бајрами, поранешниот директор кој е недостапен за органите на прогонот, трошоците за услуги…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ: Од денеска е вратена уште една железничка линија

Од денеска е вратена уште една железничка линија, Скопје – Гевгелија – Скопје.  Со новиот возен ред, кој е со…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Учениците од денеска на зимски распуст

За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Воведување на професионален тест за интегритет со новиот закон за внатрешни работи

Со предлог Законот за внатрешни работи не нудиме козметички измени ниту пак крпење на дупки, туку имаме единствена цел да…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?