Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Труење со храна во кумановски ресторан: Шест лица завршија во болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Труење со храна во кумановски ресторан: Шест лица завршија во болница
ЗДРАВЈЕ

Труење со храна во кумановски ресторан: Шест лица завршија во болница

Објавено September 19, 2025 16:14
Сподели
Сподели

Шест лица се разболеле поради труење со храна откако присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ).

Од вкупно 36 учесници на семинарот, шестмина развиле сериозни симптоми – повраќање, дијареја, треска, температура и до 41 степен, болки и грчеви во стомак. Според информациите, двајца се хоспитализирани, тројца се третираат во дневна болница, а еден е на домашно лекување.

– Вчера, Одделението за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово пријави епидемија на алиментарна токсоинфекција за шест лица со знаци на труење со храна од вкупно 36 експонирани. Заболените симптомите ги развивале од четири до 16 часа по консумација на храната, со обилни повраќања и зачестени столици на секои 10 до 20 минути – велат од ЦЈЗ Куманово.

Веднаш по добивањето на првите пријави, на 15 септември епидемиолог на ЦЈЗ Куманово заедно со подрачните единици на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) извршиле координиран надзор во ресторанот.

– Земени се брисови и мостри од храната за микробиолошко испитување, а објектот е затворен до добивање на негативни резултати од анализите. Преземени се сите соодветни противепидемиски мерки – додаваат од ЦЈЗ Куманово.

Од институцијата нагласуваат дека епидемиолошката состојба внимателно се следи и јавноста ќе биде дополнително информирана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички
Следна Статија Началник, директор, полицајци – приведени 15 лица осомничени за пустошење шуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ го организира третото традиционално искачување на највисокиот врв на Шара – Титов Врв, акција…

September 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

Од утре, понеделник, стартува вакцинацијата против сезонски грип, соопшти Министерството за здравство, од каде информираа дека обезбедиле 70 илјади бесплатни…

October 20, 2024
ЗДРАВЈЕ

Алиу се сретна со Кедев: Сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со…

August 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?