Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Туристите „полудеа“ по оваа рајска дестинација: Цените се неверојатни – ноќевање 15 евра, оброк 1,5 евро… (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Туристите „полудеа“ по оваа рајска дестинација: Цените се неверојатни – ноќевање 15 евра, оброк 1,5 евро… (ФОТО)
ЗАБАВА

Туристите „полудеа“ по оваа рајска дестинација: Цените се неверојатни – ноќевање 15 евра, оброк 1,5 евро… (ФОТО)

Објавено August 6, 2025 13:58
Сподели
Сподели

Поради тоа што цените во популарните европски летувалишта вртоглаво растат, сѐ повеќе туристи од регионот се одлучуваат за некое подалечно патување, а еднакво атрактивно.

Меѓу нив во последните години се издвојува Мароко – земјата која ги спојува егзотиката, богатата култура и пристапните цени.

Во споредба со европските крајбрежја, каде просечниот летен одмор е сериозен финансиски потфат, Мароко нуди луксуз по пристапни цени.

За оние кои сакаат нешто поразлично, песочни плажи на Атлантикот, арапска култура, пустински пејзажи и феноменална кујна, оваа земја на северот од Африка станува неодолива алтернатива.

Што нуди Мароко?

Атлантското крајбрежје е идеално за сончање, сурфање и релаксација, додека пак тамошните градови се хит меѓу младите, дигиталните номади и авантуристи. Љубителите на планините се одлучуваат да се искачат на Тубкал, највисокиот врв во северна Африка, додека пак легендарниот „син град“ Шефшауен е вистински магнет за туристите.

Колку навистина чини летување во Мароко?

Искуството од патниците од Балканот покажува дека сместување со појадок и приватен тоалет може да се најде и за 10-15 евра од ноќ.

Хрватка платила луксузен апартман во Есауири, 600 евра за седум ноќи, а во Хрватска за истите пари одвај би платила за три ноќевања.

Храната? Вечера во локалните ресторани за 2-4 евра. Свеж сок од морков или уличен оброк за 1,5. Слатки и чај за помалку од 2 евра.

Туристите го фалат тоа што во помалите ресторани не прават разлика меѓу локалните жители и странците, сите плаќаат исто, а порциите се навистина обилни.

Совети за патниците:

– Купете си СИМ картичка во градот (не на аеродромот) – 2 евра за 2GB интернет;
– Резервирајте сместување на 7-10 дена однапред за подобра цена;
– Избегнувајте хотели покрај аеродром, центарот нуди подобра атмосфера и пониски цени;
– Уличната храна е безбедна и автентична, но и многу пристапна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД може да бараат депозити до 15.000 долари за одредени туристички и бизнис визи
Следна Статија Почина професорот, научник и книжевен преведувач Владимир Цветковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Три знаци ќе почувствуваат силна финансиска моќ почнувајќи од денес

Крајот на февруари носи пресврт на финансиски план за дел од припадниците на Зодијакот. Според астролошките прогнози, 26 февруари се…

February 26, 2026
ЗАБАВА

Ѕвездите предвидуваат – 5 хороскопски знаци ќе се збогатат во 2025 година

Во текот на 2025 година, изобилството конечно пристигнува на вратата на одредени хороскопски знаци кои ќе уживаат стабилни финансиски услови2025…

October 22, 2024
ЗАБАВА

Полната Месечина утре носи големи пресврти, особено за три хороскопски знаци

Полната Месечина во Јарец на 10 јули 2025 година носи силни емоционални промени и затворање на стари поглавја, а овој…

July 9, 2025
ЗАБАВА

НАСА испраќа први GPS сигнали на Месечината, за воведување лунарна навигација (ВИДЕО)

Иако моментално нема збунети туристи кои го бараат својот пат од точката А до точката Б на Месечината, прецизната навигација…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?