Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул
БАЛКАН

Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул

Објавено August 27, 2025 16:59
Сподели
Сподели

Полицијата во Истанбул заплени накит и антиквитети вредни 30 милиони долари во историската Капали чаршија за време на истрага за шверц на дијаманти, јавија денеска турските медиуми.

Операцијата почнала откако 10 осомничени првично биле приведени поради шверц на скапоцени камења во Турција. Полицијата изврши рации во 23 претпријатија на покриената чаршија од 15 век, апсејќи уште 40 лица.

Полицијата конфискуваше 135 парчиња накит, 1.132 инготи од благородни метали и 267 историски артефакти во вредност од 1,25 милијарди турски лири (25 милиони евра). Запленето е и огнено оружје.

Капали чаршија или Голема чаршија е едно од најпосетуваните туристички места во светот и во неа има илјадници мали продавници. Ја основал султанот Мехмед Втори Освојувачот набргу откако го освоил Константинопол во 1453 година.

Често опишувана како прв трговски центар во светот, Капали чаршија не е поштедена од криминални активности. Во април, полицијата изврши рација во фирма која се занимавала со девизи и благородни метали под обвинение за перење пари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопски полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
Следна Статија Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Нова драма во словенечко Ново Место, по саботното убиство, синоќа пукање во ромската населба

По завршувањето на вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, на која учествуваа и владини претставници кои презентираа мерки…

October 29, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Me тераа да дувам лепак кога одев на фудбалски натпревар, се степав и ги одбив

Ми велат дека сум наркоман а јас никогаш во животот не сум запалил ни цигара. Не сум се напил ни…

February 17, 2025
БАЛКАН

Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад

Три месеци по загинувањето на 15 лица пред железничката станица во Нови Сад денеска во овој град ќе бидат одбележани…

February 1, 2025
БАЛКАН

ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА: Најмалку 30 повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во српскиот град Нови Сад, јавија локалните…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?