Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турските власти разоткрија голема измама со кредитни картички на туристи во Кушадаси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Турските власти разоткрија голема измама со кредитни картички на туристи во Кушадаси
СВЕТ

Турските власти разоткрија голема измама со кредитни картички на туристи во Кушадаси

Објавено June 8, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Турската жандармерија во округот Ајдин во голема операција разоткри измама со кредитни картички во туристичкиот град Кушадаси, со вкупна штета од речиси 30 милиони долари, објави „Туркије тудеј“.

Полицијата спровела координирани акции во окрузите Мугла, Измир, Анталија и Истанбул.

Истрагата започнала по сигнал од трговска банка, која забележала сомнителни трансакции на сметки на странски клиенти.Нерегуларните трансакции биле проследени до ПОС терминали во два хотела во Кушадаси.

Главниот осомничен, сопственик на хотел, наводно собирал податоци од кредитните картички на туристи преку резервации, а потоа ги споделувал со поврзани бизниси, вклучително други хотели и компании за изнајмување автомобили.

По враќањето на туристите во нивните земји, од нивните картички биле повлекувани суми за услуги што не биле користени. Вкупната сума на измамата достигнува 1,15 милијарди турски лири (29,27 милиони долари).

Се тврди дека некои членови на криминалната група патувале во странство за да добијат дополнителни податоци за кредитни картички, кои потоа биле користени во шемата. Нелегалната добивка потоа била перена преку легитимни компании користени како параван компании. За да избегнат откривање, парите биле префрлани во мали износи преку техника позната како „штрумфирање“, а дел од средствата биле инвестирани во недвижнини.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, соопшти дека се приведени 20 осомничени, вклучително и водачот на групата, сопственик на хотел. Најмалку 268 странски туристи се жртви на измамата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рекорден број милионери во светот
Следна Статија Поградец за некоја година ќе го престигне Охрид: За Македонците веќе и во Албанија е скапо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија

Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да…

September 29, 2025
СВЕТ

Белата куќа предлага компромис со Кина за извоз на Nvidia H200 чипови

Одлуката ќе отвори огромен пазар за производителот на чипови и ќе обезбеди американската технологија да остане стандард во светот.

December 10, 2025
СВЕТ

Ројтерс ја повлече снимката на која Си и Путин разговараат за долговечноста

Ројтерс соопшти дека го повлече  четириминутно видео од разговор меѓу рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг, на…

September 6, 2025
СВЕТ

Унгарскиот парламент усвои закон за забрана на Парадата на гордоста

Унгарскиот парламент денеска усвои закон со кој се забрануваат сите Паради на гордоста во земјата и им се дозволува на…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?