Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турција го казни „Гугл“ со 8,8 милиони долари поради кршење на правилата за конкуренција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Турција го казни „Гугл“ со 8,8 милиони долари поради кршење на правилата за конкуренција
Blog

Турција го казни „Гугл“ со 8,8 милиони долари поради кршење на правилата за конкуренција

Објавено July 11, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Турскиот орган за конкуренција го казни технолошкиот гигант „Гугл“ (Google) со 355,1 милиони турски лири (8,86 милиони долари) за кршење на обврските, поврзани со локалните услуги за пребарување со новиот формат наречен „деловни реклами“.

Според турскиот регулатор „Гугл“ е казнет оти не ги исполнил обврските насочени кон обезбедување фер конкуренција и заштита на потрошувачите.

Исто така е утврдено дека новиот дизајн, означен како „деловни реклами“, е функционално сличен на претходно санкционираните формати, за кои турскиот регулатор во 2021 година пресуди дека неправедно им даваат приоритет на сопствените локални услуги за пребарување на „Гугл“ пред тие на конкурентите.

Пресудата од 2021 година резултираше со почетна казна од 296 милиони турски лири и побара од „Гугл“ да презентира редизајнирани „интерфејси“ што нудат еднаква видливост на конкурентските услуги.

„Гугл“ не ги исполни овие обврски. Како резултат на тоа, беше изречена дневна административна казна од 0,05 проценти од бруто приход за 2024 година, во вкупен износ од 355,14 милиони турски лири.

Иако „Гугл“ подоцна го повлече спорниот дизајн, казната беше пресметана врз основа на времетраењето на активноста на дизајнот на пазарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница
Следна Статија Само 0,29 евра: Во Загреб продаваат сендвичи останати од концертот на Томпсон, одат како алва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Технолошкиот напредок и вештачката интелигенција: Дали ќе нѐ заменат во блиска иднина тема на поткастот на ЦИКП

Каде води вештачката интелигенција и технолошкиот напредок, што и како може да очекуваме во иднина е темата на поткастот на…

October 18, 2024
Blog

Масовен егзодус на елитата: Речиси 11.000 милионери ја напуштаат оваа земја

Велика Британија се соочува со значителен одлив на богати поединци, бидејќи богатите жители бараат засолниште во земји со поповолни даночни…

January 24, 2025
Blog

Доларот и натаму слабее, пад на цените на нафтата

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна на почетокот на седмицата, откако минатата потона…

March 10, 2025
Blog

Нивните банани ја „покриваат“ Европа, а тие штрајкуваат веќе еден месец

Еден од најголемите извозници на банани во светот, компанијата Чикита, објави отпуштање на илјадници работници во Панама, по речиси еден…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?